Регистрација
cirkusi_baner
PDF
Печати
Е-пошта
СВЕТОТ ПРОТИВ СУРОВОСТА НА ЦИРКУСИТЕ

cirkus_1_flaerКако резултат на бројни кампањи и едукација на населението, на циркусите чии претстави вклучуваат и животни забрането им е да настапуваат во многу земји:

Велика Британија

 Над 200 општински власти во Велика Британија забраниле настапи на циркуси на почва кое е јавна сопственост, иако некои совети одлучиле да дозволат одржување на претстави на оние циркуси кои имаат само " домашни" животни.

Неколку примери:
•На циркусите не им е дозволено да настапуваат во подрачје на Windsor, Maidenhead и Reading, како и Mansfield, Elmbridge, Inverness, Chester и Lancing,
•Советот на Sefton одлучил забрана за циркус 1990 г., и покрај бројните притисоци на циркуското лоби,
•На циркусот Robert Bros му е забранет настап во Stockton, Cleveland. Од 54 советници, 51 советник ја поддржал забраната.

 

   Австралија

 

Советите на многу градови од Австралија изгласале забрана за настап на диви животни во циркус. До април 1994 г., тоа го сториле 24 градски совети. На пример:
•Советот на градот Wyong во новиот јужен Wales забранил циркус со егзотични животни да се оддржува на земјиште кое го поседува, или со кое управува општината. Пред гласањето, Здружението "Animal Liberation" (Ослободување на животните) им покажала на советниците видео материјал како доказ за суровоста кон циркуските животни.
•На подрачјето на главниот град на Австралија (Australian Capital Territory) забрането е користење на многу диви животни во циркусите - тоа се мечки, слонови, жирафи, леопарди, лавови, пуми и тигрови, со можност за додавање и на други животни на оваа листа.

Соединети Американски Држави

•Советот во Columbus, Ohio забрани претстави со животни како што се мечки кои се борат, кенгури кои боксуваат, мулиња кои ронат (кои од голема висина биле приморувани да скокаат во базени).
•Претстави со животни се забранети во познатата сала Orange Bowl, по успешната, година дена долга кампања на Здружението "People for the Ethical Treatment of Animals" (Луѓе за етичко постапување со животните).

Италија

•Општинските власти на Венеција изгласале забрана за користење на животни во претставите.

Останати земји

Користење животни во индустријата на забава ограничено е, или во целост забрането и во други земји, вклучувајќи ги и Шведска и Данска.

 

ШТО МОЖЕТЕ ДА СТОРИТЕ ВИЕ:

•Со своето присуство немојте да ја поддржувате суровоста врз животните - не одете на циркуски претстави кои вклучуваат точки со животни;
•Доколку поради незнаење претходно сте оделе на вакви претстави, не одете повторно  во иднина;
•Објаснете им на вашите деца дека циркусите воопшто не се забавни за животните и дека се тие, по пат на измачување, приморени да настапуваат. Немојте да ги носите на 

претставите. Наместо тоа, искористете ја оваа прилика да ги поучите да не бидат никогаш сурови кон животните;
•Раскажете им на вашите пријатели, соседи, роднини и колеги за страотните измачувања на циркуските животни и одвратете ги од одење во циркус. Отпечатете информативни текстови, копирајте ги и поделете ги на неупатените во вашата средина.
•Споделете ги информациите за измачувањето на животните во циркусите по пат на електронските медиуми и социјални мрежи. Поддржете ги локалните собири, или друг вид иницијативи против гостување на циркусите со животни во вашиот град и држава

cirkus_1_flaer

 

ПОТПИШИ ПЕТИЦИЈА

cirkus1
cirkus_de_sole
bann001
bann002
bann003

kujna

Пријатели на Анима Мунди

Благодарност до долунаведените кои ги сакаат животните и прифатија да се заложат за нив и бидат наши пријатели и подржувачи.

Civica mobilotas

SmartCode

JE caw InDesign white

КОНТАКТ ИНФО

Здружение за заштита на животни "Анима Мунди"

Телефон: 077 487 253

E-пошта: contact@anima-mundi.org.mk | anima.mundi.sk.mk@gmail.com

Денарска сметка
240090002006130
Депонент-Уни Банка А.Д.-Скопје

fb