Регистрација
vegeterijanstvo_baner
PDF
Печати
Е-пошта
ВЕГАНСТВО
Зборот "веган" го формирал Доналд Вотсон 1944г. во Лечестер, Англија, кој, заедно со уште неколку членови на Вегетаријанското друштво (Vegetarian society - и самиот негов член), сакал да основа службено поддруштво на вегетеријанци кои не конзумираат млеко и млечни производи. Кога тој предлог е одбиен, Вотсон и истомислениците почнуваат да основаат сопствена организација. Така, 1944 г. основано е Веганското друштво (The Vegan society), кое заговара потполна растителна прехрана, исклучувајќи го месото, рибата, јајцата, млекото, млечните производи и медот, т.е. ги потикнува и охрабрува производителите на храна, облека и обувки да користат алтернативи на животинските производи. Новооснованото друштво се согласило дека престанувањето на било кој облик на искористување е нужен за создавање на многу поразумно и похумано општество. Од самиот почеток веганството е дефинирано како филозофија и начин на живеење и никогаш не се однесувало само на прехраната - тоа и денес се одредува како систем на верувања кои го практикуваат почитувањето на животот.

Веганите откриваат дека прехраната базирана на продукти без животински состојки води кон одлично здравје, што го потврдува и фактот дека основачот Доналд Вотсон бил продуктивен се до смртта, на свои 95 години. Веганската прехрана во минатата декада и научно е оквалификувана како единствена метода која може да овозможи здрава прехрана за 6,6 милијарди луѓе.

Понатаму, Повелбата на Веганското друштво ја предвидела (неколку десетлетија пред Движењето за заштита на околината) едната од неговите основни одредници -Веганството не подсетува на човековата должност спрема земјата и нејзините ресурси и бара начини како да се поврати здравјето на Земјата и како да започне кралство на прикладно користење на Земјините ресурси. Веганското друштво во Англија го дефинирало, во својот Статут, веганството на следниот начин:

"Веганството означува филозофија и начин на живот кој тежнее да ги исклучи - колку што е тоа возможно и практично - сите видови на суровост и искористување на животните за храна, облека или било која друга цел, и која потикнува развој и користење на неживотински алтернативи за доброто на човекот, животните и околината."
 
vegan_society
evu

Emily Deschanel- Коски

Познати вегетаријанци

kujna

Пријатели на Анима Мунди

Благодарност до долунаведените кои ги сакаат животните и прифатија да се заложат за нив и бидат наши пријатели и подржувачи.

Civica mobilotas

SmartCode

JE caw InDesign white

КОНТАКТ ИНФО

Здружение за заштита на животни "Анима Мунди"

Телефон: 077 487 253

E-пошта: contact@anima-mundi.org.mk | anima.mundi.sk.mk@gmail.com

Денарска сметка
240090002006130
Депонент-Уни Банка А.Д.-Скопје

fb