Регистрација
PDF
Печати
Е-пошта
7-миот амандман на сила

По повеќе од 20 години интензивни кампањи против тестирањето врз животни и експериментите за потребите на козметичката индустрија, денес, на 11 март 2013 година, монструозните тестови во Европа стануваат минато!

Денешниот ден историјата ќе го запомни како триумф на долгогодишната борба во светот предводена од Европската коалиција за прекин на експерименти врз животните (ЕЦЕАЕ) http://www.eceae.org/ , и англиската БУАВ (http://www.buav.org/ ) кои со својата кампања „Стоп за суровата козметика!“, и бројните петиции, издејствуваа да ЕУ конечно забрани експерименти врз животни во Европа за производство на козметика.

Денес, Седмиот Амандман за козметичката Директива стапува на сила, со што конечно се забрани тестирањето врз животни насекаде во светот, за козметика која се продава на пазарот на ЕУ.

 

Анима Мунди како национален претставник (набљудувач) во Европската коалиција за прекин на експерименти врз животни (ЕЦЕАЕ), учествуваше со неколку акции, со цел иницијативата на ЕЦЕАЕ да добие поддршка во Македонија http://www.facebook.com/media/set/?set=a.355104901212421.84931.166688476720732&type=3 . Во оваа прилика ја изразуваме нашата огромна благодарност до секој жител на Р. Македонија, кој ја потпиша петицијата, бил дел од информативните штандови, и дал свој придонес да заврши едно сурово и сиво минато за милионите живот(н)и, жртвувани во име на површноста!

ГОРДО, РАДОСНО И ГЛАСНО - КАЖИ НЕ ЗА СУРОВА КОЗМЕТИКА ВО ЕВРОПА!!:)))))

 
kujna

Пријатели на Анима Мунди

Благодарност до долунаведените кои ги сакаат животните и прифатија да се заложат за нив и бидат наши пријатели и подржувачи.

Civica mobilotas

SmartCode

JE caw InDesign white

КОНТАКТ ИНФО

Здружение за заштита на животни "Анима Мунди"

Телефон: 077 487 253

E-пошта: contact@anima-mundi.org.mk | anima.mundi.sk.mk@gmail.com

Денарска сметка
240090002006130
Депонент-Уни Банка А.Д.-Скопје

fb