Регистрација
PDF
Печати
Е-пошта
Животинско млеко? Не, благодарам!

Vegan-milk

Мајчиното млеко е најдрагоцената хранлива течност за малиот живот кој почнува да цути и да го искусува светот околу себе. Ова важи за сите животински суштества кои припаѓаат на класата цицачи, меѓу кои е и човекот. Меѓутоа постои еден чуден феномен кој го карактеризира само човечкиот вид, а тоа е дека од околу 4600 видови на цицачи, човекот е единственото суштество на планетата кој освен своето, краде и конзумира туѓо млеко, и тоа не само во детството туку и понатаму во својата зрелост.Неспорен е фактот дека млекотое „супер храна“ и есенцијална потреба, но единствено кога сте бебе и кога го добивате од вашата мајка.

Како што е познато, млекото е телесен (жлезден) секрет кој го лачат мајките за своите бебиња кога се во периодот на лактација, непосредно после нивното породување како резултат на променетиот хормонски статус. Овој благотворен секрет е наменет единствено за нивните новороденчиња и претставува неопходна храна која е основен извор на микро и макро нутритиенти, потребни за нивен иницијален раст и развој, се` додека тие не станат подготвени за дигестија на друг тип на храна.

Млекото во понатамошниот развој на единката станува сосема непотребно, при што природно се елиминира, затоа што организмот влегува во следната фаза на својот развој, па како логичен след на нештата мајката престанува со лачење на овој секрет, а детето престанува да цица. Тоа е природата на нештата.

Освен тоа што човекот е единствениот од сите видови кој им ја одзема оваа важна млечна течност на другите животински видови, а со тоа ги лишува нивните новороденчиња од најесенцијалното, истата ја пренаменува за своја лична корист, иако гледано од здравствен аспект нема никаква хранлива потреба ниту пак докажан бенефит од неа.

Природата е исклучително прецизна во начинот на кој ги создава работите, па затоа пропорциите на калциум кои што се потребни за развојот на телото на едно теле се вклучени во млекото на неговата мајка. Тоа го прави кравјото млеко премногу тешко за човековиот организам. И не само тоа: телето го пие млекото директно од својата мајка, онака како што е природно создадено. Млекото што го пиеме ние е преработено.

Продлабочувајќи го овој факт, модерната, прогресивна, но пред се` независна наука, се` повеќе го разоткрива митот за млекото и ги обзнанува негативните ефекти врз човечкото здравје кои настануваат од негова конзумација, како и генерално од која било храна од животинско потекло.

1

Иако пиењето животинско млеко е традиционално вкоренета секојдневна навика на цивилизираниот човек, која нашироко се прифаќа без преиспитување, и покрај фактот што еволуциски гледано не е толку стара, таа е сепак силно оддржувана во живот со помош на пропагандната машинерија на млечната индустрија, која мотивирана од желбата за профит, преку својот моќен маркетинг и индустриско лобириање, оваа бела течност ја промовира и продава под етикетата – „здрава и неопходна“. Секако за задржување на оваа навика огромна улога игра и генералната индоктринирана перцепција по генерациска линија, дека пиењето животинско млеко од страна на човекот е нешто „природно, нормално и потребно“.

За среќа се` повеќе научници, доктори, специјалисти, нутриционисти, здравствени професионалци, медицински организации, групации, па и поединци се одважуваат да ја едуцираат јавноста и јасно да говорат за вистинските ефекти од конзумацијата на животинското млеко, млечните производи и сите останати животински производи. Во овој контекст, последниве децении извршени се бројни научни студии и независни експертски истражувања кои утврдуваат дека млекото и млечните производи се несоодветна и непотребна храна за човечкиот организам и неговото оптимално здравје. Еден од многуте јасни индикатори за ова е податокот дека 75% од светската популација се лактозо-нетолерантни, односно не го поседуваат ензимот лактаза кој е потребен за разградување на млечниот шеќер наречен лактоза.

Една од најактуелните студии за која се зборува нашироко низ светот во последниве месеци е научното истражување од Центарот за јавно здравје на Харвард Универзитетот, кој млекото и неговите деривати јасно ги отфрли од менито на здрава храна, именувајќи ги како ризични фактори кои предизвикуваат, односно значително придонесуваат за развој на рак на простата и рак на јајници. Други значајни научно-истражувачки студии го врзуваат животинското млеко со ред други автоимуни заболувања, дијабетис (тип 1), кардио-васкуларни болести, рак на дојка (заради високиот естрогенски индекс), алергии, инфекции, кожни болести и друго (за ова повеќе во некоја следна статија, или осврнете се на референтните линкови најдолу во текстот).

2

Ова е навистина опширна тема за која може да се изложат многубројни научно-истражувачки и документирани заклучоци преку кои сериозно може да се навлезе во микробиологијата на млекото од повеќе аспекти, како и влијанието врз биохемиските процеси на човековиот метаболизам. Овојпат споделуваме само неколку важни причини зошо треба да го исфрлиме животинското млеко од секојдневната исхрана, а по желба, да го замениме со различни варијанти на растителни млека кои претстауваат здрава и релативно достапна опција.

1. Кравите се хранети со погрешна храна, што не само што ја менува природата на млекото туку им предизвикува и проблеми на кравите. Тие се обично хранети со соја, пченка, оброци (смеси) од остатаоци на памучни зрна или други комерцијални храни (најчесто генетски модифицирани), кои содржат лепеза на сомнителни состојки, вклучувајќи пилешко ѓубриво и мешавина од сушени лешеви од животни или кори од цитрусни овошја прскани со пестициди. Оваа храна е несоодветна за кравите, кои се преживари и треба да се хранат со зелена трева во пролет, лето и есен, и зелена храна, силажа, сено и коренест зеленчук во зима. За жал, повеќето млечни крави се чуваат во притвор, гоени и оддржувани во живот со антибиотици и хормони, кои никогаш во својот живот немаат видено зелена трева ниту почувствувано сончев зрак на своето експлоатирано тело.

3

2. Млекото е пастеризирано. Пастеризација е процесот на загревање на течноста на доволно висока температура со цел да се убијат одредени бактерии и разградат одредени ензими. Тој комплетно ги уништува и корисните ензими, витамините, ги денатурира кревките млечни протеини, ги убива корисните бактерии и промовира развој на патогени. Многу поборници за зрава исхрана денешното млеко го нарекуваат и мртва бела течност.  Дури и телиња кои се хранат со пастеризирано млеко се со лошо здравје и многу од нив умираат пред да доспеат до својата зрелост. Пастеризацијата е востановена како пракса во1920 година, заради борбата против туберколозата, бебешката дијареа, бруцелозата и други болести предизвикани од лошата исхрана на животните и валканите методи на производство. Но, времињата се променија и модерните цистерни од не`рѓосувачки челик, машините за молзење, камионите-ладилниции и инспексицките методи ја направија пастеризацијата апсолутно непотребни за јавна заштита.

3. Во некои случаи, млекото е ултра-пастеризирано за да биде ослободено од бактериите отпорни на топлина и да има подолг рок на траење на полиците во продавниците. Пастеризацијата извршена на ултра-висока температура е процес каде млекото од ладна температура се загрева до температура над точката на вриење за помалку од две секунди. Овој процес се користи за пакуваните млека кои може да се чуваат и на собна температура.

4. За да бидат работите уште полоши, млекото е хомогенизирано. Хомогенизацијата е процес што овозможува распаѓање на густите масни глобули, за тие да не се таложат на врвот. Хомогенизираното млеко му предизвикува потешкотија на организмот да го свари, па протеините кои нормално би биле обработени во желудникот не се разградуваат, туку се апсорбираат во крвотокот. Често телото реагира на овие „страни протеини”, со активирањето на имунолошкиот систем, предизвикувајќи воспаление. Тоа дури може да предизвика авто-имунолошки проблеми. Хомогенизираното млеко е исто така поврзано со болести на срцето, веројатно заради масните глобули кои се дисперзираат во текот на процесот.

5. Како дополнување на тоа што млекото е хемиски модифицирано во течност која нашиот организам тешко ја вари и предизвикува проблеми, денешното млеко обично содржи стероиди, антибиотици, пестициди од третираните житни зрна, бактерии од заразените животни (како на пример најозлогласените салмонела и ешерихија коли), хормони за растење третирани со метод на генетски инженеринг.

4

Не треба да се занемари и фактот дека во просек една чаша млеко содржи и неколку милиони ќелии гној и крв од жлездите на животните заради бруталниот и неконтролиран метод на машинско молзење, како и микро-остатоци од животински измет, заради нехигиенските услови во кои најчесто се чуваат животните во индустриските животински фарми.

veganmilk

Најпрепорачлива опција за љубителите на млеко се разновидните растителни млека (бадемово, кокосово, овесно, оризово, млеко од соја, лешник, орев, коноп итн.), кои можат да се направат лесно и во домашни услови, а претставуваат најбезбеден и најздрав избор, како за деца, така и за возрасни.

Со познавањето на вистинските информации, кои едновремено значат и одговорност, некомпромитирани од силното лобирање на прехрамбената индустрија, човек добива увид во она што значи правилен избор.
Следен пат кога ќе помислите дека животинското млекото и млечните производи се здрави, природни или потребни, размислете подобро пред да завршат во вашата уста.

Дополнителни информации поврзани со оваа тема можете да добиете на страната на Комитетот на лекари за одговорна медицина: http://www.pcrm.org/health/diets/vegdiets/health-concerns-about-dairy-products

Друга корисна литература и референци во врска со темата:

1. Млеко – зошто не треба да го пиеме? – http://surovoizdravo.blogspot.com/2012/05/blog-post_24.html
2. Калциум и силни коски – http://www.pcrm.org/health/health-topics/calcium-and-strong-bones
3. Разоткривање на митот за млекото: Зошто млекото е лошо за вашите коски – http://saveourbones.com/osteoporosis-milk-myth/
4. 75% од светската популација е нетолерантна на лактоза заради јасна причина: Млекото е штетно – http://www.collective-evolution.com/2013/04/03/over-75-of-earths-population-is-lactose-intolerant-for-a-reason-dairy-is-harmful/
5. Кравјото млеко е токсично за вашето здравје – http://www.prijatelji-zivotinja.hr/index.en.php?id=1491
6. Опасности од млекото и млечните произоди: Факти – http://rense.com/general26/milk.htm
7. Вистинското лице на млекото – http://www.whydontyoutrythis.com/2013/07/the-true-face-of-milk-could-milk-be-the-worlds-most-dangerous-beverage.html

Автор: Ива Апостолска

 
kujna

Пријатели на Анима Мунди

Благодарност до долунаведените кои ги сакаат животните и прифатија да се заложат за нив и бидат наши пријатели и подржувачи.

Civica mobilotas

SmartCode

JE caw InDesign white

КОНТАКТ ИНФО

Здружение за заштита на животни "Анима Мунди"

Телефон: 077 487 253

E-пошта: contact@anima-mundi.org.mk | anima.mundi.sk.mk@gmail.com

Денарска сметка
240090002006130
Депонент-Уни Банка А.Д.-Скопје

fb