Регистрација
PDF
Печати
Е-пошта
ВегеФест 2015

Драги пријатели, зелената треска повторно напаѓа!
И оваа година со огромна радост го најавуваме ВЕГЕФЕСТ, фестивалот кој го организираме по четврти пат, со цел да го насочиме вниманието кон најобесправените, речиси невидливи битија на овој свет - фармските животни.

Секојдневно искористувани, свирепо убивани за храна, мода и профит, лишени од слобода и од можност нормално да живеат според карактеристиките на својот вид, овие сетилни битија во модерното конзумерско општество се сведени на продукти и предмети, безгласни робови на кои им е одземено достоинството, одгледувани и размножувани во ужасни услови, деградирани до болка, со една единствена цел – свирепа непотребна експлоатација.

НИЕ МОЖЕ ДА ЖИВЕЕМЕ И ПОИНАКУ.

 


Со ВЕГЕФЕСТ се обраќаме на совеста на сите, повикуваме на сочувствителност, хуманост и разум, повикуваме да му дадете шанса на животниот стил без насилство, почнувајќи од својата исхрана. Со овие мали чекори можеме да направиме големи и значајни промени за подобро на сите: животните, луѓето, екосистемот и планетата земја. Нашиот апел до секој еден е да не биде пасивен конзумент и да го бојкотира и осуди насилството врз животните со тоа што ќе ѝ даде шанса на веге исхраната.

Гарантираме :
Одлични предавања
Превкусна храна
Многу забава и дружба!

Официјално пријавување и листа на учесници, предавачи и поддржувачи како и многу други информации можете да најдете на долунаведените линкови:
Официјална веб локација на ВегеФест : www.vegefest.e-animamundi.mk
Facebook евент :  ВегеФест 2015

СЕ ГЛЕДАМЕ НА ВЕГЕФЕСТ :)

 
bann001
bann002
bann003

kujna

Пријатели на Анима Мунди

Благодарност до долунаведените кои ги сакаат животните и прифатија да се заложат за нив и бидат наши пријатели и подржувачи.

Civica mobilotas

SmartCode

JE caw InDesign white

КОНТАКТ ИНФО

Здружение за заштита на животни "Анима Мунди"

Телефон: 077 487 253

E-пошта: contact@anima-mundi.org.mk | anima.mundi.sk.mk@gmail.com

Денарска сметка
240090002006130
Депонент-Уни Банка А.Д.-Скопје

fb