Регистрација
krzno_baner_nov
КРЗНО
PDF
Печати
Е-пошта
НЕ НОСЕТЕ ТУЃА КОЖА ВРЗ СОПСТВЕНАТА!

Секој пат кога ќе се решите да купите кожна јакна или кондури, осудувате животни на вечна болка и  патење. Придружете се на милиони купувачи кои увиделе дека кожа е нешто без што се може. Постојат многу алтернативи како памук, лен, гума, синтетика и многу други материјали.

 
PDF
Печати
Е-пошта
ЖИВОТ ВО ДИВИНА, ИЛИ ЖИВОТ ВО КАФЕЗ

ChoosingFurBuyer1Животните кои се одгледуваат за да, еден ден, станат нечија бунда, своите кратки животи ги минуваат во темни, тесни и валкани кафези. Истражувањата покажуваат дека животните кои се одгледуваат со таа цел, претрпуваат страотни повреди, без да им се укаже медицинска помош. Лисиците и нерците кружат безброј пати бесконечни кругови по своите кафези, полудувајќи во заробеништво.

Нерците, лисиците, чинчилите, ракуните и останатите животни на фармите за крзно го минуваат целиот свој живот во валкани кафези, без престан кружејќи во нив од сиот тој стрес и досада, некои од нив се себеповредуваат, или пак стануваат агресивни кон другите животни во кафезите. Во кафез со големина од едвај 80cm2, се чуваат една до четири лисици. Нерците и останатите животни се држат во кафези со големина 30 cm на 1 m, во кои исто така се наоѓа една до четири животни. Таквите пренатрупани кафези стресни се за сите, особено за самотните животни како што се нерците.
 
PDF
Печати
Е-пошта
КРЗНОТО НЕ Е ЕКОЛОШКИ ПРИФАТЛИВО

Стигнавме до таму да производителите на крзно започнат да ги убедуваат купувачите дека е крзното еколошки прифатливо. Но тоа е многу далеку од вистина. Крзната се преполни со хемикалии кои служат да го задржат крзното во состојба на нераспаѓање во плакарите на купувачите, а индустријата за производство на крзно ја загадува околината и ги голта вредните извори. И немојте да заборавите: за разлика од вештачкото крзно, "вистинската работа" предизвикува измачување и патење на милиони животни секоја година.

Знаете ли дека е потребно 60 пати повеќе енергија за производство на крзнените капути од животни кои се одгледуваат за таа намена, отколку за производство на вештачко крзно? А тоа е само почеток.

 
PDF
Печати
Е-пошта
ЧЕСТИ ПРАШАЊА

ДАЛИ Е ИНДУСТРИЈАТА ЗА КРЗНО НАВИСТИНА ТАКА СУРОВА КАКО ШТО СЕ ЗБОРУВА?

Посурова. Истражувањата кои ги извршила PETA на фармите за крзно открија дека животните се убиваат така што им се ставаат во ректумот челични прачки кои се под електричен напон и буквално ја спржуваат нивната внатрешност. Скршени коски кои излегуваат на површина, инфекции на дишните патишта и канцерогени тумори се некои од повредите и болестите кои животните ги преживуваат, без ветеринарна нега, на една од истражените фарми.

 


FUR FREE ALIANCE

ffa-logo02

ГОЛА ЗА ЖИВОТНИТЕ

bann001
bann002
bann003

NO FUR - Anima Mundi mix

kujna

Пријатели на Анима Мунди

Благодарност до долунаведените кои ги сакаат животните и прифатија да се заложат за нив и бидат наши пријатели и подржувачи.

Civica mobilotas

SmartCode

JE caw InDesign white

КОНТАКТ ИНФО

Здружение за заштита на животни "Анима Мунди"

Телефон: 077 487 253

E-пошта: contact@anima-mundi.org.mk | anima.mundi.sk.mk@gmail.com

Денарска сметка
240090002006130
Депонент-Уни Банка А.Д.-Скопје

fb