Печати
ПРОТЕСТ: „Градот Хуман Пак Ќе Никне!“

Љубители на животните,


ИЗЖИВУВАЊЕТО врз бездомните животни не само што не запира, туку се реализира засилено и масовно се заловуваат веќе стерилизирани, вакцинирани и обележани животни, кои потоа се убиваат во стационар. Во Аеродром, Ново Лисиче, Капиштец, Лептокарија, Ѓорче Петров, Автокоманда се лови сѐ што се движи СО ОБРАЗЛОЖЕНИЕ ДЕКА Е НАРЕДЕНО ОД ГРАД СКОПЈЕ И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ, КАКО И ОД ЛОКАЛНИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ.

 

 

ВЕТЕРИНАРИТЕ ВО ВАРДАРИШТЕ БУКВАЛНО ГИ УБИВААТ СИТЕ ОНИЕ ЖИВОТНИ ЗА КОИ ЌЕ ИМ СЕ КАЖЕ ДА БИДАТ УБИЕНИ – ЗА НИВ НЕ ПОСТОИ НИКАКОВ МОРАЛЕН ниту ПРОФЕСИОНАЛЕН КОДЕКС, а дел од вработените, токму оние кои се со години познати за нехуманоста кон животните и конфликтноста во оснос на граѓаните се поставени на раководни позиции во Вардариште!

ИАКО ИМАМЕ ПОДНЕСЕНО БРОЈНИ ПРИЈАВИ, ТИЕ ЗА НАДЛЕЖНИТЕ СЕ ПРАЗНИ БУКВИ НА ХАРТИЈА, а СЕКОЕ КУЧЕ МОЖЕ ДА СЕ ПИШЕ ЗА АГРЕСИВНО И ДА СЕ УБИЕ, заврши во Дрисла. Така, на пример не ни беше дозволено да вдомиме 3 кучиња кои ги бараме веќе 2 месеци, кои во стационарот беа изложени на изолација, глад и страдање и за кои баравме да ги преземеме на сопствена финансиска и правна одговорност – ги држеа и мачеа 2 месеци, за да на крај бидат убиени!



НА ХАЈКИТЕ НЕ СЕ ИЗЛОЖЕНИ САМО ЖИВОТНИТЕ ТУКУ И ХУМАНИТЕ ГРАЃАНИ кои застануваат во одбрана на своите маалски миленици – ИНСПЕКТОРИ ОД ГРАД СКОПЈЕ НЕОВЛАСТЕНО ГИ СНИМААТ ГРАЃАНИТЕ СО МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ И ИМ СЕ ЗАКАНУВААТ СО АЛФИ; велат дека ќе се вратат по кучињата пак и доколку не ги фатат веднаш. Инспекторите од град Скопје бараат да се фрлат сите куќички на кучињата, кои друго место за спиење немаат и дека не им е грижа што тие куќарки ги направиле и платиле граѓаните за своите маалски миленици, во обид да им обезбедат барем некакво засолниште! Се закануваат со казни за сите кои хранат животни. 
ВО ГРАДСКИОТ ПАРК ИНСПЕКТОРИТЕ СЕ ИЗЖИВУВААТ ВРЗ ГРАЃАНИТЕ КОИ ИМААТ МИРНИ МИЛЕНИЦИ, ШЕТААТ СО НИВ НА ПОВОДНИК, НО БЕЗ МАСКА. СЕ ОМАЛОВАЖУВААТ СОПСТВЕНИЦИТЕ НА МИЛЕНИК и врз нив се прави притисок како да се основна закана за безбедноста и јавната чистота во градот! Треба ли да ги шетаме кучињата скришно, да се чувствуваме како граѓани од втор ред?!

Истовремено, со посредство на разни контакт емисии МЕДИУМСКИ СЕ СТИМУЛИРА НЕХУМАНОСТА ВРЗ ЖИВОТНИТЕ И ОСУДА НА СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ЖИВОТНИ, во кои се шпекулира и стимулира омразата кон кучињата. ГРАЃАНИТЕ СЕ ДЕФОКУСИРААТ И МАНИПУЛИРААТ со лажни информации, со цел да се создава непријателство од оние кои ги сакаат и помалку ги сакаат животните. Да не биде јасно дека токму оние кои ги сакаат и се грижат за кучињата самоиницијативно ги стерилизираат, лекуваат, вакцинираат, вдомуваат, помагаат да се намали бројката на бездомни и гарантира здравствената заштита на луѓето и животните!
Се прави сѐ за да не биде разбрано очигледното - дека градот е одговорен за прекубројноста на кучињата на улица, т.е. дека СО МАСОВНОТО УБИВАЊЕ ОД 2007 ГОДИНА СЕ ИЗКОМПРОМИТИРАВМЕ, СЕ ПОТРОШИЈА ЕНОРМНИ ПАРИ ОД БУЏЕТОТ, А НЕ СЕ НАМАЛИ БРОЈКАТА НА БЕЗДОМНИ КУЧИЊА!
Ве информираме дека во минатите недели повеќе пати остваривме обид за комуникација со институциите, но НЕ ДОБИВМЕ НИТУ ОДГОВОР. 




ПРОТЕСТИРАМЕ И БАРАМЕ :

1. Итен прекин на убивањето во Вардариште, раскинување на договорор за работа со Ветеринарната болница Автокоманда, т.е. ветеринарите кои се ангажирани во Вардариште, а кои веќе еднаш се казнети за нехумано убивање во стационарот.

2. Влез на активистите за заштита на животни во Вардариште, како овластено тело за надзор на спроведувањето на Програмата на град Скопје, тело кое ќе гарантира доследно спроведување на чекорите утврдени со Програмата (залови, стерилизирај, вакцинирај, ВРАТИ) што наложува масовна стерилизација и враќање на кучињата од заловните територии - а не масовно убивање на животните!

3. Отпуштање на дел од вработените во стацинар Вардариште, т.е. лицето Димче М. и Виолета Н. кои се препознатливи по својата нехуманост кон кучињата, одвраќање на граѓаните кои сакаат да вдомат куче!

4. Прекин на самоволното заловување на веќе стерилизирани, третирани и обележани кучиња, што е практика која во моментов се применува, со која се прекршува утврдената Програма и се спроведува некоја интерна програма, договорена меѓу четири ѕида.

5. Забрана за заловување на мали кутриња во Вардариште, кои никако не можат да бидат стерилизирани и не се предмет на Програмата. Посочуваме дека носејќи ги во Вардариште, 90% од заловените мали кучиња умираат од изгладнетост, епидемии, негрижа, смрзнување, умираат во агонија и бавна смрт!

6. Овозможување да граѓаните си ги повлекуваат локалните (колективно чувани) миленици од стационарот и нивно враќање на територијата на која живеат, а не само подигање на кучиња за кои ќе се одлучат да ги вдомат.

7. Инспекторите на Град Скопје да запрат со изживување врз сопствениците на миленици како и оние кои се грижат кон животните, зошто чувањето животно е хумано, а не противзаконито дело. 

8.Најстроги казни на оние инспектори кои ќе ги надминат законските овластувања.

9. Бараме Агенцијата за храна и ветеринарство да одговори на сите наши пријави и конечно изрече соодветни казни за секое институционално или индивидуално прекршување на Законот за заштита и благосостојба на животните.

ГРАДОТ ХУМАН ПАК ЌЕ НИКНЕ!
12.06.2016.


СЕ ГЛЕДАМЕ НА ПРОТЕСТ!




Дополнителни информации :

Facebook event [link]
zaednozazivotnite.mk [link]

 



.