Печати
ПРОТЕСТЕН СОБИР ВО КОЧАНИ

 

 

 

До:
Полициска станица Кочани
-ул.Теодосие Паунов бр 12 , 2300 Кочани Македонија
Градоначалник на општина Кочани
- ул. Раде Кратовче бр 1 , 2300 Кочани Македонија
Медиуми на РМ

 

Почитувани,

Во Кочани по кој знае кој пат животните се жртви на садист, лице познато на полицијата, кое и покрај бројните реакции на активистите за заштита на животни и хуманите граѓани од Кочани и цела Македонија мачи животни и никој не презема ништо.

Лицето е насилно, има ред нарушувања и институциите се единствени одговорни да обезбедат заштита на граѓаните и животните, и да обезбедат негово лекување и ресоцијализација.

Полицијата, останатите надлежни институции се тие кои не превземаат ништо и како такви, ВО НИВ ЛЕЖИ ОДГОВОРНОСТА за бројните мачени, силувани, убиени кучиња во Кочани!

Здружението Втора шанса, поддржано од сите македонски здруженија (Анима Мунди, Анималиа, Гласот за животните, Спаси живот, Мали Херои, Animal World, Срце за животните - Неготино) најавува протестен собир и бара итна интервенција од полицијата, социјалните установи, сите надлежни да се сопре, спречи понатамошното мачење на животните и хоспитализира/затвори лицето кое е познато на полицијата, општината, социјалните служби, но кои упорно одбираат да не превземаат ништо.

Ги повикуваме сите хумани, засегнати граѓани да не` поддржат!

Локација:  Пред полициската станица во Кочани
време : Недела 27-11-2016 годинa   14.30 часот

facebook even https://www.facebook.com/events/802650746539579/