Печати
ЕКСПЕРИМЕНТИ ВРЗ ЖИВОТНИ

animal-testing.thumbnail

Секоја година отприлика 35.000 животни во Европа, т.е. милиони ширум светот, изложени се на интензивно патење поради дискутабилни тестирања на козметички производи или на нивните состојки. Постои широк спектар на разновидни експерименти.

Таканаречениот "The Drazie Eye Test" се применува во студиите за иритирање на очите. Хемикалиите се капат во очите на зајчиња. Зајаците имаат многу послаб солзен систем од човекот и поради тоа "не плачат" при поднесувањето на болка, па ради тоа научниците ги сметаат за идеални во вршењето на вакви тестови. Тие исто така не трепкаат при што се олеснува апсорбцијата на хемикалиите. За време на тестирањето промените во окото се пратат долго време. Никакво средство за олеснување на болката не им се дава на животните.

Таканаречениот  "LD50" тест за отровност е најозлогласениот од сите тестови (во Шведска е неодамна забранет, а во Британија уште во 1996 благодарејќи на организацијата BUAV) - смртноста на животните е околу 50%. Тестот започнува со труење на извесен број животни. Дозата отрови постапно се зголемува се додека 50% од животните не умрат (како би се востановила смртната доза). Отровот се дава со присилно хранење, инектирање или инхалација, а притоа никакви средства за олеснување на болка не се даваат на животните. Овој тест е веќе долго време критикуван и нарекуван ненаучен и од самите научници (!) а освен тоа е исклучително суров и неописливо болен за животните. Животните се трујат до смрт и во таканаречените "сигурносни тестови".  При истражувањата на разновидни болести над животните се вршат хируршки сакатења, ослепувања, животните се запалуваат, изгладнуваат, психолошки се мачат, им се вбризгуваат смртоносни вируси.

"Skin Irritancy Test "
- како што кажува и самиот назив, со нив се тестира иритацијата на кожата, а вклучува аплицирање на состојки врз избричени делови на тело кај одреден вид животни, најчесто врз заморчиња и зајаци. Во времетраење од една или две недели се разгледуваат промените на кожата - црвенило, инфекција, отоци, упали. Раните се ужасни, болката неподнослива, а  животните не добиваат никакви  средства за ублажување на болката.