Печати
ЧЕСТИ ПРАШАЊА

ДАЛИ Е ИНДУСТРИЈАТА ЗА КРЗНО НАВИСТИНА ТАКА СУРОВА КАКО ШТО СЕ ЗБОРУВА?

Посурова. Истражувањата кои ги извршила PETA на фармите за крзно открија дека животните се убиваат така што им се ставаат во ректумот челични прачки кои се под електричен напон и буквално ја спржуваат нивната внатрешност. Скршени коски кои излегуваат на површина, инфекции на дишните патишта и канцерогени тумори се некои од повредите и болестите кои животните ги преживуваат, без ветеринарна нега, на една од истражените фарми.

Животните фатени во челични стапици за нозе трпат такви болки што некои од нив си ги одгризуваат екстремитетите како би можеле да побегнат. Неспособни да се хранат, загреат или одбранат од напаѓачите, многу од нив умираат од страшна смрт уште пред да дојде оној што ги пставил замките да го стори тоа. Други пак патат со денови чекајќи да дојдаоние што ги поставиле замките и да им ги скратат маките. Да би се избегнало оштетување на кожата, животните се често претепани или изгазени до смрт. Повеќето држави немаат прописи во врска со начинот на убивање на овие животни.
Без разлика трпат ли ужасни болки во замките или живот во агонија во мали кафези, животните неизмерно патат.

КАДЕ МОЖЕ ДА НАЈДАМ ЗАМЕНА ЗА КОЖА?

Производите без кожа се достапни. Многу продавници нудат кожни обувки исто како и оние без кожа, како и торби и други производи. Всушност, многу производи кои изгледаат како кожа се всушност синтетички- само погледнете ја етикетата и ќе видите од што е составен производот.

 

НЕОДАМНА СТАНАВ ВЕГЕТАРИЈАНЕЦ И НЕ САКАМ ПОВЕЌЕ ДА КУПУВАМ КОЖА. ЗМАЧИ ЛИ ТОА ДЕКА БИ ТРЕБАЛО ДА СЕ ОСЛОБОДАМ ОД СИТЕ ПРОИЗВОДИ ОД КОЖА КОИ ГИ ПОСЕДУВАМ?


Тоа е тешко прашање, бидејќи, од една страна не сакате да праќате порака дека тие производи се прифатлици за носење. Од друга страна пак, не можеме да си го приуштиме луксузот да фрлиме многу стара облека како би купиле нова. Ако тоа можете да си го дозволите, препорачуваме да ги фрлите обувките. Доколку моментално не сте во состојба да купите обувки без кожа, објаснете им на луѓето дека иако одбивате да ја финансирате месната и кожната индустрија со понатамошно купување, парите кои сте ги платиле за постоечките обувки се веќе потрошени, а кога ќе ги износите кожните обувки, ќе ги замените со оние кои не содржат состојки од животинско потекло.

ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА НЕКОИ КОМПАНИИ СТВАРНО КОРИСТАТ КРЗНО ОД КУЧИЊА И МАЧКИ ВО СВОИТЕ ПРОИЗВОДИ?


Да, за жал. Кучињата и мачките ги убиваат заради нивната кожа во Азија, исто како лисиците во САД. Нивната кожа се претвора во производи како што се крзнени капути и кожни обувки кои се продаваат ширум светот на муштерии кои тоа не го  знаат. Тајните истражувања спроведени на кинеските фарми на крзна покажале дека животните се тепани со метални шипки и дека се дере нивното крзно додека се тие се уште во состојба на потполна свест. Мачите и кучињата во Кина ги тепаат, бесат, им пуштаат крв додека не умрат и ги гушат со жици за да би можело нивното крзно да се искористи за порабување на капутите. Кина исто така продолжува невистински да ги декларира крзнените производи кои се извезуваат во странство. И покрај забраната за продажба на крзна од кучиња и мачки која е на сила во САД, истрагата на организацијата The Humane Society of the United States пронашла крзнени детали од кучешко крзно во неколку големи трговски синџири како што се Burlington Coat Factory, Macy's i JC Penney.

Ова крзно било невистиниски декларирано како вештачко крзно или како крзно од ракун. Увозот и продажбата на кучешко и мачешко крзно исто така го забранија и Белгија, Данска, Франција, Италија, Грчка и Авсрталија, додека Европската Унија исто така планира да ја озакони оваа забрана.