Печати
ЧЕСТИ ПРАШАЊА

САКАМ ДА ПОСЕТУВАМ ЖИВОТНИ ВО ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА, НО ТИЕ ДЕЛУВААТ ТОЛКУ ТАЖНИ. ШТО Е СО ЖИВОТНИТЕ ВО ЗООЛОШКИТЕ ГРАДИНИ?

Директорите на зоолошките градини многу често даваат предност на добивката - профитот, пред благосостојбата на животните. Бившиот директор на зоолошката градина во Аталанта, САД, изјавил дека тој е премногу одвоен од животните, и дека се тие последната работа за која е загрижен, меѓу сите останати проблеми кои ги има. Зоолошките градини ги учат луѓето дека е прифатливо да се држат животните во заробеништво, каде се досадуваат, стиснати на мал простор, осамени, далеку од нивните домови во природата, на милост и немилост на луѓето.
Зоолошките градини тврдат дека ги едуцираат луѓето, но повеќето кафези во зоолошката се навистина мали, а информативните натписи такви да даваат малку повеќе информации од името на видот, прехраната и природното опкружување. Нормалното животинско однесување речиси никогаш не се коментира, а уште помалку се надгледува, затоа што во зоо градините нивните природни потреби речиси никогаш не се овозможуваат.
Многу животни кои природно живеат во големи стада или семејни групи, најчесто се држени сами, или во најдобар случај во парови. Природното однесување како што се ловот и парењето се елиминираат со регулирање на режимот на хранење и доење.
Животните се ограничени во тесни простории, без приватност и имаат малку можности за ментални стимулации или физички вежби, што резултира со абнормално и самоуништувачко однесување кое се нарекува zoochosis.
Не само што тоа не е едукативно, туку доколку имаме вистинска желба да научиме нешто за животните, би требале да бидеме мотивирани и за нивен подобар и природен живот на животните, во нивната природна средина.

НЕ ПОМАГААТ ЛИ  ЗООЛОШКИТЕ ГРАДИНИ ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА ЗАГРОЗЕНИТЕ ВИДОВИ?

Повеќето животни кои живеат во зоолошките градини не се загрозени видови. Истражувањата и известувањата на Здруженијата за заштита на животните покажале дека само 1 200 зоолошки градини од вкупно 10 000 илјади ширум светот се регистрирани за размножување во заробеништво и природна заштита. Единствено 2 % од вкупниот број на загрозени видови се регистрирани во програмите за одгледување. Оние кои се загрозени можат да имаат потешкотии поради состојбите во зоолошките градини.
Во својата книга "Последната Панда", George Schaller, научник и директор на зоолошката градина во Бронкс (САД), вели дека Зоолошките градини речиси да придонесуват за изумирање на пандите поради континуираното затворање на животните од едни зоолошки во други и поради нивното експонирање на јавноста. На крај, единствено ќе ги зачуваме загрозените видови ако ги сочуваме нивните живеалишта и ако се бориме против луѓето кои ги убиваат, а не со нивно одгледување во заробеништво. Наместо да ги подржуваме зоолошките градини, би требале да ги подржиме групите и организациите како што се International Primate Protection League, The Born Free Foundation, The African Wildlife Foundation, како и многу други организации чија работа е да ги чуваат природните живеалишта на животните. Би требале да им помогнеме на оние кои спасуваат и се грижат за животните (Primarily Primates, the Performing Animal Welfare Society), а не  оние кои ги одгледуваат и/или продаваат егзотичните животни.