Печати
Веге-гурабија со ананас и кокос
cocpin

Состојки

200 гр. брашно

2 мали лажички пециво

50 гр. ситни парчиња кокос

250 гр. ситно сецкани парчиња ананас од конзерва

1 јајце

150 гр. кафеав шеќер

100 мл. неутрално масло

  • 250 гр. јогурт
  • 2-3 големи лажици рум

 

Во еден сад составете ги брашното, пецивото и кокосот. Во друг сад измешајте ги сецканите парчиња ананас, јајцето, шеќерот, маслото, јогуртот и румот. На крај сотавете ги двете смеси и мешајте со обична лажица.

Загрејте ја рерната претходно на 200 спетени, наполнете го тафчето со калапчиња и печете ги 20-25 минути додека не пожолтат на површината.