Регистрација
PDF
Печати
Е-пошта
ИНФО

Здружението за заштита на животните АНИМА МУНДИ е здружение на граѓани создадено за да иницира заложба и јавна борба против секој вид злоупотреба и искористување на животните од страна на човекот.Целиме кон индивидуална и колективна промена на човековата свест и ширење свест за вистинската природа на животните како битија кои чувствуваат болка, патење, страв. Веруваме дека сите живи битија кои чувствуваат имаат право на живот и слобода. Крајна цел на АНИМА МУНДИ е укинување на сите облици злоставување, мачење и експолатација на животните од страна на луѓето.

Визијата на АНИМА МУНДИ е хуман свет -  свет без насилство, мачење, искористување на животните од страна на луѓето  и нивно уважување како свесни и чувствителни живи битија на кои природно им припаѓа правото на живот и слобода.

Мисија на здружението е да поттикне и предводи борба против секаков вид злоупотреба и искористување на животните од страна на човекот  и дејствува преку 1) едукација (ширење информации со цел да се создаде индивидуална и колективна промена на свест); 2) лобирање и соработка со институциите за поволна законска рамка и имплементација на законите; како и преку 3) активна работа на терен. На овој начин ќе придонесе кон заштитата на животните и хуманизација на македонското општество во целост.



1. Во контекст на остварување на таа цел настојуваме за укинување и забрана на:

  • Убивањето и мачењето на животните во име на која било цел – кланици, лов и риболов, експерименти над животните, одгледување на животните за потребите на сите видови индустрија, искористување на животните како домашни миленици, искористување на животните од забавни потреби (циркуси, золошки градини, хиподроми и сл) и останати себични човечки потреби.


2. Максимално ќе се ангажираме за:

  • Заштита на напуштените и бездомни животни, овозможување на соодветна помош и осигурување на нивно сигурно сместување.- Заштита на сите животни во поединечни случаи на измачување и суровост- Заштита на загрозените и заштитени видови во нивниот природен околиш, како и заштита на видовите кои се дел од трговија и загрозување.- Промовирање и посочување на вегетаријанство и пред се веганство како етички и еколошки одржлив животен стил, едуцирање за вегетаријанството и веганството како здрав облик на исхрана.


3. Едукација на граѓаните со цел помирување на човекот и природата

  • Подигање и развивање на еколошката свест и заштита на животната средина;

 

Притоа:

1. Ќе дејствуваме и ќе ја шириме свеста за поврзаноста помеѓу човекот и животните и за нивната вистинска природа како суштества со чуства на болка и страв,

 

 

2.Ќе оганизираме едукативни кампањи со кои низ информирање и дружење ќе влијаеме на свеста за заштитата и правата на животните и нарушувањето на тие права:

  • организираме јавни дебати и трибини
  • дејствуваме преку медиуми
  • дистрибуираме пропагандни материјали
  • организираме мирни протести
  • организираме потпишување петиции и
  • пишување на протесни писма


3. Ќе ја информираме домашната и меѓународната јавност за состојбите во која животните се наоѓаат,

4. Ќе се заложиме за кривично гонење на поединци, групи или институции одговорни за кршење на законите кои ги штитат животните,  

5. Со своето дејствување ќе го поддржуваме донесувањето закони кои на животните им гарантираат слобода на живот и слобода според нивниот вид

6. Ќе информираме и лобираме на градско, државно и интернационално ниво со цел да се слушне прифати и соодветно организира заштита на животните.

7. Ќе соработуваме со локални, национални или меѓународни организации кои со кои имаме исти цели и заложби.

 

 
kujna

Пријатели на Анима Мунди

Благодарност до долунаведените кои ги сакаат животните и прифатија да се заложат за нив и бидат наши пријатели и подржувачи.

Civica mobilotas

SmartCode

JE caw InDesign white

КОНТАКТ ИНФО

Здружение за заштита на животни "Анима Мунди"

Телефон: 077 487 253

E-пошта: contact@anima-mundi.org.mk | anima.mundi.sk.mk@gmail.com

Денарска сметка
240090002006130
Депонент-Уни Банка А.Д.-Скопје

fb