Регистрација
PDF
Печати
Е-пошта
МОДЕРНО ФАРМСКО ОДГЛЕДУВАЊЕ НА ЖИВОТНИ

"Ветер во носот, земја и трева под нозете, грижа за своите младенчиња тие никогаш нема да почувствуваат .."

 

Нека не ве залажувааат термините хумано, модернизирано, европски стандардизирано одгледување на животни.


Се помалку крави по зелените ливади,  се помалку прасиња и кокошки кои весело трчкаат по дворовите на домаќинските куќи - денес "фармските " животни преживуваат животни на зомби.

Паралелниот свет на ужас кој се случува на сите модерни фарми, на кои се огледуваат животни за секакви можни намени и задоволување на сите наши конзументски потреби, како никогаш до сега се експолатирани и злоставувани.

Не постои хуман затвор во кој на  живо битие  му е забрането движење, ограничено вршење на природните потреби, и пред самото раѓање животот им е веќе испланиран на парчиња, од суштество наречено човек. Во тие тамници нема извор на светлина, нема контакт со своите младенчиња, нема движење и функционирање според природниот вид.во тие логори се е однапред механички предодредено зошто нивниот живот не значи ништо и никој не го засега нивната несреќа, тага и страв. Тие живи битија се "одгледувани" во функција и за задоволување на потребите на човекот - ветер во носот, земја и трева под нозете, грижа за своите младенчиња тие никогаш нема да почувствуваат.

 

 

 

Вегетаријанство и Веганство зошто и тие чувствуваат физичка болка, страв, тага, љубов и грижа кон младенчињата и сакаат да живеат.


Вегетаријанство и Веганство зошто и нивниот живот вреди, а овие неправди не смеат да останат скриени и подмолно премолчени.


Вегетаријанство и Веганство зошто  секој еден од нас ја прави разликата  за едно подобро и похумано утре - како за луѓето, така и за животните!

 

 
 
kujna

Пријатели на Анима Мунди

Благодарност до долунаведените кои ги сакаат животните и прифатија да се заложат за нив и бидат наши пријатели и подржувачи.

Civica mobilotas

SmartCode

JE caw InDesign white

КОНТАКТ ИНФО

Здружение за заштита на животни "Анима Мунди"

Телефон: 077 487 253

E-пошта: contact@anima-mundi.org.mk | anima.mundi.sk.mk@gmail.com

Денарска сметка
240090002006130
Депонент-Уни Банка А.Д.-Скопје

fb