Регистрација
PDF
Печати
Е-пошта
ЕДНА СТЕРИЛИЗАЦИЈА СПАСУВА СТОТИЦИ ЖИВОТИ

Независно дали станува збор за ваш домашен миленик, уште повеќе доколку се работи за тн. "community dogs or cats"  - животни кои во моментов не се во ничија сопственост, но живеат на одредена локација и за кои некои луѓе се грижат, повремено ги хранат; превземете одговорност и направете нешто што ќе го заштити нивниот живот,  животот на стотици други како нив и биде полезно за целата околина. Сметате дека е тешко да го сторите сетто тоа, но всушност станува збор за само еден едноставен чекор - стерилизирација на соппствениот, или локалниот миленик!
Веќе е светски познато дека стерилизацијата,т.е. кастрацијата на животните е медицински полезен зафат, кој ги заштитува од многубројни заболувања, повеќето  фатални по нивниот живот. Ветеринарната медицина со сигурност констатира дека стерилизацијата го продолжува животот на животните и овозможува повисок квалитет - се посочува дека стерилизацијата на женките може и за 90% да го намали ризикот од појава на рак на млечните жлезди, кој може да биде многу агресивен и да предизвика метастази на белите дробови и доведе до смрт. Кај мажјаците исто така се превенираат тумори на репродуктивните органи и намалува опасноста од болести и предвремено умирање - воедно хормоналниот статус на животното се смирува, значително се намалува нивната евентуална агресивност. Медицината посочува дека се само лажни гласини информациите од типот " греота е да го стерилизирам мојот миленик, здраво е да се спари и има пород барем еднаш". Колку е ова голема невистина, ќе дознаете доколку барем еднаш консултирате ветеринарно лице, или само еднаш побарате светска литература од областа на ветерината на интернет. Релевантни извори, како што се да речеме европските и северноамериканските универзитети за ветеринарна медицина, посочуваат дека стерилизацијата кај мачките и кучињата може да се врши од третиот месец на нивниот живот, потенцирајќи дека е тогаш најголема биолошката издржливост на животните за поднесување на операција.

Во секој случај сторете го тоа пред да кучето наполни 6 месеци старост, т.е., пред менструалниот циклус, за да не дојде до оплодување и раѓање нови единки.

Што се однесува до самиот оперативен зафат, не плашете се бидејќи е едноставен и безопасен, доколку операцијата ја изведува стручно ветеринарно лице, кое претходно констатирало дека животното е во добра здравствена состојба. Можете да не контактирате доколку ви е потребен совет, помош, или препорака. За бездомните животни (или доколку имате финансиски потешкотии) ќе ви обезбедиме над 50% попуст за стерилизација, т.е. кастрација и верувајте дека со незначителен финансиски трошок ќе го заштитите животот на едно животно, ќе му овозможите поголем животен квалитет и значително подобро здравје. Самата интервенција трае помалку од сат време, а потребен е еден ден (за мажјаците), до 2, 3 дена (за женките) сосема да закрепнат од операцијата и функционираат нормално како и претходно.

Освен еден живот, на животното кое ќе го стерилизирате, кастрирате, ве уверуваме дека ќе спасите многу други животни, повеќе отколку што веројатно претпоставувате. Како?
Знаеме дека е огромна бројката на бездомните животни на улиците, кои се изложени на секојдневни трауми, болести, глад, жед. Тие животни се резултат на несовесните сопственици, кои ги исфрлиле кога повеќе не им биле интересни, или се пород на некоја кучка за која некој се грижи но дозволил да се спари, а кучињата потоа завршиле на улица. Тоа се можеби кучиња или мачиња кои вие сте сметале дека сте им нашле убав дом  - но верувајте никогаш нема да можете да им најдете убав дом на сите. Повеќето ќе завршат фатално, зошто реално вашата контрола над тие животни завршува оној миг кога ќе ги дадете на некој друг.
На само 6 месеци возраст, од само едно такво нестерилизирано животно, се продуцираат околу 9, 10 нови, од кои статистички само 2, 3 ќе имаат шанса да преживеат и најдат убав дом.

Останатите ќе бидат тепани, труени, згазени, застрелувани, ќе станат дел од црната статистика на убиени кучиња и мачки по улиците. Имајте во предвид и дека на улица најголема шанса за живот имаат токму оние кои се стерилизирани. Таквите се помирни зошто хормоналниот статус им е избалансиран, тие се поздрави, не се репродуктивно способни и не формираат глутници, имаат 50% повеќе шанса да се вдомат.

Една ваша правилна одлука, може да значи превенција на неконтролирано раѓање, мачење и умирање на стотици, на повеќегодишно ниво дури илјадници кучиња и мачки. Таа одлука значи дека нема да дозволите да бидат секојдневни жртви на човечката неодговорност и суровост, како и дека ќе се вклучите во намалување на бројката несреќни, бездомни животни. Стерилизацијата и кастрацијата се единствениот начин на превенција на болести и непотребно измачување и убивање. Тоа е еден правилен и хуман чекор, со кој правите колективно добро за животните, но и за вашата околина. Доколку ги сакате животните, вклучете се во борбата против нивната неконтролирана бројност, што значи и нивно неконтролирано мачење и убивање. Информирајте се - само во локалните шелтери за бездомни животни (на пример стационарот Вардариште во Скопје), се убиваат официјално над 60% од заловените кучиња, а речиси сите мали кучиња умираат во тешки маки од заразните болести кои таму се шират. Придонесете да се запре сетто тоа, стерилизирајте и помогнете да се вдомуваат и преживеат оние кои се веќе живи, а нови да не се раѓаат и непотребно измачуваат и умираат.

Запомнете, СЕКОЈ КОЈ СПАСИ ЕДЕН ЖИВОТ, СПАСУВА ЦЕЛ ЕДЕН СВЕТ.

 
kujna

Пријатели на Анима Мунди

Благодарност до долунаведените кои ги сакаат животните и прифатија да се заложат за нив и бидат наши пријатели и подржувачи.

Civica mobilotas

SmartCode

JE caw InDesign white

КОНТАКТ ИНФО

Здружение за заштита на животни "Анима Мунди"

Телефон: 077 487 253

E-пошта: contact@anima-mundi.org.mk | anima.mundi.sk.mk@gmail.com

Денарска сметка
240090002006130
Депонент-Уни Банка А.Д.-Скопје

fb