Регистрација
PDF
Печати
Е-пошта
СТРУМИЧКИ КАРНЕВАЛ 2018

Скопје 18.2.2018 г.

Почитувани новинари и организатори на Струмичкиот Карневал,

Доставена ни е фотографија од загрижени посетители на Карневалот и граѓани, на која се гледа како жив штрк се користи на фестивалот како маска, со цел да и се помогне на птицата.

Со цела должна почит кон фестивалот, кој ја негува традицијата и каде меѓу традиционалните маски од македонскиот фолклор во карневалската парада, преку сатира и креативност се вметнуваат и нови идеи за маски, фрапирани сме од леснотијата со која дозволувате животните да се користат за забавни цели како да се предмети.

Во отсуство на инвентивност и креативност, употребена е благородна дива птица како дел од маска при што птицата е оттргната од нејзината природна средина, затворена во мал кафез, непотребно изложена на страв и измачување. Во време кога дивиот свет ни се намалува рапидно пред очи, организаторот дозволува флагрантно кршење на законот за благосостојба на животните и уништување на дивиот свет, без трошка одговорност. Птицата е лишена од слобода, употребена небаре е евтина играчка купена во продавница и втурната безмилосно во карневалскиот метеж.

 

Карневалот е членка на Европската федерација на карневалски градови, кои кога би ја виделе слкикава ќе бидат гневни. Во европските градови штрковите се позитивен симбол и носат радост меѓу граѓаните, а самите општини им помагаат со градење на гнезда и живеалишта.

Од  Градоначалникот, општината и фестивалскиот одбор бараме најитно да ни го достават идентитетот на  лицето кое го употребува штркот како маска и итно негово исклучување од  конкуренција за најдобра маска и бараме докази и ветеринарна потврда дека птицата е добро, дека се опоравува од траумата и стресот и дека е пуштена на слобода. Во спротивно, организаторот ќе биде пријавен во Федерацијата како фестивал кој дозволува суровост и изживување спрема животните.

Воедно бараме од надлежните инспекторати при Агенција за храна и ветеринарство и ловниот инспекторат да реагираат во согласност со законската регулатива, а на организаторот му советуваме, во иднина  при одредувањето на критериумите и условите за учество на Карневалот, да ја земе сериозно предвид и благосостојбата на животните.

 

Со почит,
Анима Мунди
Здружение за заштита на животни

facebook објава

 
kujna

Пријатели на Анима Мунди

Благодарност до долунаведените кои ги сакаат животните и прифатија да се заложат за нив и бидат наши пријатели и подржувачи.

Civica mobilotas

SmartCode

JE caw InDesign white

КОНТАКТ ИНФО

Здружение за заштита на животни "Анима Мунди"

Телефон: 077 487 253

E-пошта: contact@anima-mundi.org.mk | anima.mundi.sk.mk@gmail.com

Денарска сметка
240090002006130
Депонент-Уни Банка А.Д.-Скопје

fb