Регистрација
PDF
Печати
Е-пошта
Поднесени коментари и предлог аманмани на Законот за заштита и благосостојба на животните!

Информираме дека со цел суштинско и квалитативно унапредување на Законот за заштита и благосостојба на животните и изнаоѓање на трајно и хумано решение за проблемот со бездомните животни во Македонија,

Анима Мунди изготви и до надлежните институции достави Коментари и предлог законски измени на постоечкиот закон. Амандманите се изработени од нашето здружение и поддржани од 11 македонски здруженија за заштита на животните[1] . Предложените законски решенија се меѓусебно поврзани, лесно применливи и прават една сеопфатна правна и апликативна целина.

 

Нашиот фокус во предлог законските измени е ставен врз:

1. Регулирањето на одговорното сопствеништво и дефинирање на забранети постапки, затоа што неодговорното чување миленици (неконтролиран расплод/напуштање/немање никаква евиденција) се причинител број 1 за постоење на овој проблем.

2. Јасна, децидна забрана за еутаназија како механизам за справување со бездомната популација затоа што откако знаеме се применува и не донела резултат, го продлабочила проблемот, дала можност на надлежните (општините) наместо трајно решавање, само да симулираат привидно намалување фокусирајќи се на краткорочни ефекти (пр. само за време на траење на сопсвениот мандат), а потоа драстично продлабочување на проблемот. Рутинското убивање не само што не го решило проблемот, туку ги изложил/ги изложува граѓаните на опасност. Во овој контекст не само земји како Романија, Бугарија, Унгарија, туку и Македонија е пластичен пример и показател за неуспех кој се должи на континуирана примена на погрешни мерки и стратегии.

Во овој контекст предвидуваме воведување на следниве забрани:

- Забрането е неконтролирано размножување и продажба на домашни миленици освен во услови предвидени со закон;
- Забранета е продажба на кучиња и мачки во продавници за домашни миленици
- Забранета е продажба на животни на малолетници;
- Забрането е напуштање на миленици, домашни животни и диви животни одгледани во заробеништво, освен во услови предвидени со закон;
- Забрането е фрлање на петарди или други пиротехнички средства на животни;
-Забрането е трчање или влечење на животни заврзани за моторно превозно средство, кое е во движење;
-Забрането е чување на кучиња постојано врзани на ланец или во бокс (ограден дел од двор), без да се овозможи слободно движење надвор од тој бокс;

- Забрането е еутаназија на здрави бездомни животни, животни кои се излечиво болни и животни за кои постои интерес да бидат вдомени;

За фармските животни
- Забрането е омамување, колење и усмртување на животни во ритуални обреди
- Забрането е одгледување на кокошки во основен кафезен систем.
- Забрането е моментално дробење на цели животни, односно мачерација во производство на јајца.

3. Воведување нови законски одредби кои би овозможиле примената на законот да биде пофлексибилен, општините во недостиг на финансиски средства или инфраструктура, или по проценка на ефект да можат да спроведуваат програма за намалување на бројката бездомни животни во соработка со здруженија, ветеринарни станици, граѓаните (пример ваучер систем или мобилни клиники кои би опслужувале повеќе општини и сл) . Ова го сметаме за исклучително важно, бидејќи до сега Законот оневозможува се друго освен дејствување во рамки на стационари што е скапо, непотребно, неодржливо.

- Со законот да се дозволи здруженијата за заштита на животните да стерилизираат бездомни животни. Потенцираме дека ова до сега не ни било дозволиво со закон иако сме целеле само да помогнеме, инспекциски служби вршеле проверка дали стерилизираме противправно бездомни животни, бидејќи не сме биле надлежни.

- Со законот да се дозволи соработка со меѓународни организации и нивно ангажирање во РМ со цел намалување на бројката бездомни животни. Ова е неопходно со цел да во иднина повторно не се пропуштаат прилики како понудите за помош од најсилни меѓународни организации, Ворлд Вет и ЕНПА.

4. Законско овластување на здруженијата за заштита на животни за спроведување одредени одредби на законот, вршење надзор, проверка на одговорното сопствеништво,т.е. измени од кои би произлегла можноста за наменски овластена служба за заштита на животните формирана од претставници на здруженијата за заштита на животни. Во моментов единствено надлежна за да постапува во случаи на мачење, злоупотреба, занемарување, неодговорно сопствеништво и напуштање на животните во Република Македонија е ветеринарна инспекција при Агенција за храна и ветеринарство. Меѓутоа ветеринарна инспекција има десетици други надлежности, а и не е специјализирана за заштита на животни. Како последица на тоа, сведоци сме на неодговорно сопствеништво кое е основен причинител за постоење на бездомни животни на улиците; нелегална купопродажба на животните, борби со кучиња, пред сè во руралните средини при што повеќе „неупотребливите“ единки најчесто завршуваат на улица, како и исклучително бројни и екстремни случаи на насилство врз животните во Р. Македонија, кои без двоумење укажуваат на агресија и насилство во македонското општество – девијантни појави кои е неопходно да се превенираат, или кои доколку се случат е неопходно да бидат строго санкционирани. Таквите случаи се најчесто истражувани, откривани и пријавувани од здруженијата за заштита на животни. За жал фактичката состојба укажува дека по истите не се постапува соодветно, т.е. дека иако здруженијата ги евидентираат и пријавуваат, случаите не добиваат адекватна правна завршница.

Почитувани, имајќи ги во предвид досегашните трагични и негативни случувања, како и Заклучокот на Владата на РМ од 06.11.2918 (точка 47) кој гласи: „ Владата заклучи МЗШВ , АХВ и ЗЕЛС во соработка со здруженијата за заштита на животни да изнајдат законско решение за трајно решавање на проблемот со кучињата скитници“ ,

се надеваме дека конечно и сериозно ќе се земат во предвид нашите предлози кои се исклучиво во интерес на граѓаните и хуманиот третман на животните во Република Македонија.


ДОКУМЕНТ

 
kujna

Пријатели на Анима Мунди

Благодарност до долунаведените кои ги сакаат животните и прифатија да се заложат за нив и бидат наши пријатели и подржувачи.

Civica mobilotas

SmartCode

JE caw InDesign white

КОНТАКТ ИНФО

Здружение за заштита на животни "Анима Мунди"

Телефон: 077 487 253

E-пошта: contact@anima-mundi.org.mk | anima.mundi.sk.mk@gmail.com

Денарска сметка
240090002006130
Депонент-Уни Банка А.Д.-Скопје

fb