Регистрација
ЛОВ И РИБОЛОВ
PDF
Печати
Е-пошта
ЛОВ - МАСАКР, А НЕ СПОРТ

Зборот спорт е синоним за натпреварување и ривалитет, а не за убивање од заседа, или прогонување на невини животни. Во овој контекст, зборот лов пред се може да се поистовети со масакр, а самиот чин на лов со варварски и суров начин на "забава".

Само во Македонија неколку видови како мечката, рисот, белоглавиот орел и други, се доведени на самиот раб на истребување, исклучиво по заслуга на ловџиите. Со претераното ловење на животните тие се истребуваат наместо да се заштитуваат, а многу одгледувачници  на животни на ловците им служат само како подготовка за убивање. Со други зборови, животните се одгледуваат во одгледувачниците со цел подоцна да бидат пуштени во природа и така одстрелани.

 
PDF
Печати
Е-пошта
РИБИТЕ НЕ СЕ ГЛУПАВИ

Рибите не го заслужуваат епитетот на најглупи претставници на животинското семејство, тврди група реномирани и познати научници.

Спротивно на верувањето дека рибите се своевидни празноглави суштества водени само од инстинктите кои се ограничени поради имање краткотрајна меморија од три секунди , овие научници тврдат дека рибите се досетливи, манипулативни, а воедно и социјално и културно освестени. Научниците дури тврдат дека интелигенцијата на рибите на некој начин може да се спореди со интелигенцијата на поедноставните видови примати. Ова мислење го делат три научници од универзитетите Edinburgh  и St. Andrew's во Шкотска и универзитетот Leeds.

 
PDF
Печати
Е-пошта
ЧЕСТИ ПРАШАЊА

image_2_2206ЛОВОТ Е ПОМАЛКУ СУРОВ ОД ИНДУСТРИСКИТЕ ФАРМИ

Да, ама и  Џек Мевосек бил помалку суров од Хитлер, па тоа не го прави добар дечко! Вистина е дека убивањето животни во дивината помалку сурово од месеците тортура низ која минуваат животните на фармата. Без обѕир на тоа, ловот, како и фармското одгледување, внесува раздор во природно создадените животински фамилии, причинува бол и патење, како на жртвите, така и на преживеаните. Зошто тогаш да причинуваме патење кога тоа навистина не е потребно?

 


kujna

Пријатели на Анима Мунди

Благодарност до долунаведените кои ги сакаат животните и прифатија да се заложат за нив и бидат наши пријатели и подржувачи.

Civica mobilotas

SmartCode

JE caw InDesign white

КОНТАКТ ИНФО

Здружение за заштита на животни "Анима Мунди"

Телефон: 077 487 253

E-пошта: contact@anima-mundi.org.mk | anima.mundi.sk.mk@gmail.com

Денарска сметка
240090002006130
Депонент-Уни Банка А.Д.-Скопје

fb