Регистрација
PDF
Печати
Е-пошта
Спас за коњите!

Петиција за коњи

Соочени со секојдневни слики на изнемоштени коњи на улиците на Скопје,болни, гладни и жедни,  тепани и приморувани да се движат и тогаш кога не можат ниту педа подалеку, упатуваме јавен повик до Агенцијата за храна и ветеринарство, на градоначалникот на град Скопје, г-н Коце Трајановски како и на Советот на град Скопје, со БАРАЊЕ да се забрани употребата и искористувањето на коњите на територија на град Скопје како влечно средство .

Свесни сме дека коњите најчесто ги користат сиромашните слоеви на населението, оние на кои судбината и општеството не им дала поинакви опции, оние што немаат услови за поинаку. Со нив сочувствуваме и не осудуваме никого, но  сметаме дека никој нема право да живее врз маките на недолжните животни.

Затоа бараме да се запре мачењето на животните и да се стави крај на пеколот што го живеат на скопскиот асфалт. Бараме Скопје да биде препознаето по хуманоста, а не преку мачењето на животните по улиците кое е трауматична слика за секој жител, но и бројните странски посетители кои не контактираат и кои се шокирани од она што го гледаат во главниот град на Република Македонија


Предлагаме процесот да се одвива во 4 фази, за што нудиме стручна, волонтерска и секаква друга помош што е во можност на Анима Мунди.

1)      прва фаза во која би се евидентирале коњите на територија на град Скопје, нивната психофизичка состојба и секако сопствениците на тие коњи, за што нудиме помош.

2)      Обезбедување на соодветна локација за сместување на коњи, нивно понатамошно живеалиште со капацитет за грижа, нега до 50 животни;  обезбедување на работен тим кој би се грижел за животните (напомена – лицата да се задолжително луѓе кои сакаат животни и ја познаваат психологијата на коњите), за што исто така нудиме помош.

3)      Итно одземање сите коњи кои ќе се проценат како  најизнемоштени, стари, болни, повредени и нивно сместување во наменското живеалиште (прва фаза) и со тенденција за одземање и сместување на сите останати коњи (втора фаза)

4)       Обештетување на лицата кои го користеле коњот како превозно средство со соодветни превозни средства кои ќе одговараат за непречено движење во градот и го помогнат/унапредат нивното живеење.

Со оглед што ова наше барање кое се темели на принципите на елементарна човечност, но и законската уреденост во Р. Македонија (Закон за заштита и благосостојба на животните; Закон за комунален ред и др), инсистираме тоа да биде ургентно и сериозно разгледано.

Воедно,  бараме да коњите , тие прекрасни битија да бидат спасени и заштитени, а не преку ноќ некаде да исчезнат, бидат продадени во кланици, како храна за животни во зоолошки, ловишта, или нешто слично. Бараме резерват за коњите кој ние би помагале со осмислување на Програма за работа и едукација, грижата за животните; неговата промоција и обезбедување на дополнителни средства.

 
bann001
bann002
bann003

kujna

Пријатели на Анима Мунди

Благодарност до долунаведените кои ги сакаат животните и прифатија да се заложат за нив и бидат наши пријатели и подржувачи.

Civica mobilotas

SmartCode

JE caw InDesign white

КОНТАКТ ИНФО

Здружение за заштита на животни "Анима Мунди"

Телефон: 077 487 253

E-пошта: contact@anima-mundi.org.mk | anima.mundi.sk.mk@gmail.com

Денарска сметка
240090002006130
Депонент-Уни Банка А.Д.-Скопје

fb