Регистрација
PDF
Печати
Е-пошта
Март, месец на вдомување

Драги пријатели, бројни бездомни животинки чекаат на вас! :) Со цел да обезбедиме топол дом на што е можно повеќе кутриња и мачки кои, во спротивно, се осудени на страдање на улицам најавуваме три големи акции за вдомување во тек на месец март.

 

Првата е оваа сабота, 12.03.2015 година на улица „Македонија“, во близина на спомен куќата на Мајка Тереза. Ве каниме сите вас кои сакате да стекнете милениче, да дојдете од 12:00 -17:00 часот , да не посетите, го одберете својот најдобар четроножен пријател и на тој начин да спасите еден живот. Вдомете, зошто пријателството нема цена!

На големата акција за вдомување ќе биде поставен и едукативен штанд со инфо материјали (Прирачник за одговорно чување миленици; препораки за грижа на милениците, флаери, плакати, летоци за полезноста од стерилизација и кастрација на милениците) и во секое време активистите на Анима Мунди ќе бидат достапни за совети и дискусија за се што ги интересира љубителите на животни.

Секое вдомено кутре ќе добие извод и ваучер за 70% попуст за негова стерилизација/кастрација во иднина, кој ќе важи за секаков вид оперативни зафати за вдоменото животно.

Доколку ја испуштите оваа акција следните две  акции се  на 26.03.2016  и 27.03.2016год.

Информираме дека целиот настан е овозможен со програмата Civica Mobilitas и поддржан од Општина Центар.


Нема да должиме - со еден куп преслатки животни ве очекуваме во сабота! :) 

Facebook евентот можете да го најдете на следниот линк [link] .

 
bann001
bann002
bann003

kujna

Пријатели на Анима Мунди

Благодарност до долунаведените кои ги сакаат животните и прифатија да се заложат за нив и бидат наши пријатели и подржувачи.

Civica mobilotas

SmartCode

JE caw InDesign white

КОНТАКТ ИНФО

Здружение за заштита на животни "Анима Мунди"

Телефон: 077 487 253

E-пошта: contact@anima-mundi.org.mk | anima.mundi.sk.mk@gmail.com

Денарска сметка
240090002006130
Депонент-Уни Банка А.Д.-Скопје

fb