Македонија е деветиот круг од пеколот за животните! Среде бел ден во Скопје е заклано куче, мирниот и сакан Идриз, крвнички удиран со секира и шипки додека спиел, убиен пред очи на педесетина граѓани.
Не дозволуваме да монструмот Симо Христовски (Липски) помине со олеснителни мерки и бараме да скапе во затвор! Инсистираме Обвинителството да прифати кривична пријава и сторителот да одговара по повеќе кривични основи – мачење животни, предизвикување јавна опасност, како и законот за заштита и благосостојба на животни.
Симо Липски е ликот на секој еден кој во оваа држава се изживува, коле, беси, труе животно. А Идриз е секое друго животно, секое друго несреќно битие оставено само на себе да страда и умира во пеколни маки, душа која не успеавме да го спасиме.
СИЛНО ГУШНЕТЕ ГО ВАШИОТ МИЛЕНИК, НАПИШЕТЕ ПОРАКА И ИСПРАТЕТЕ НИ ВАША ЗАЕДНИЧКА ФОТОГРАФИЈА ЗА ДА ЈА ОБЈАВИМЕ И ДА ЈА ВИДАТ СИТЕ! Постирајте ја под овој апел или пратете ни ја на нашата ФБ страница, или на anima.mundi.sk.mk[at]gmail.com тековно ќе ги објавуваме во наменски албум.
За Идриз во Идризово!
За убиство да ти се суди, бараме најстрога казна затвор!
Правда за Идриз и Полиција за животни во Македонија!
Секое животно е Идриз, правда за животните!
За монструмите како Симо Христовски казна затвор!
Ќе те следи сенката на Идриз - за монструми како тебе најстрога казна затвор!
Гледај не од небото Идриз <3