Убавото лице на Скопје: Како Лајка ја бранеше хуманоста на градот!
Кога зборуваме за јавни политики и системски решенија, ретко размислуваме за суштината на општествениот развој: односот кон оние што немаат глас, но се дел од нашата заедница - животните.
Јавното претпријатие „Лајка“ беше далеку од уште една административна структура во Скопје. Стана пример како институција може да функционира во служба на јавниот интерес, со јасен концепт, неуморност и посветеност и вредности.
Активизмот презеде одговорност таму каде што политиката ја избегнувала и комплетно продлабочувала кризата. Во услови на системско безредие и одсуство на закон што ќе спречи прилив на нови бездомни животни, намерно дислоцирање кучиња во Скопје и создавање криза, Лајка беше триумф на активистите, вработените, волонтерите и сите добронамерни граѓани, кои не штедеа време, знаење и енергија ; помагајќи им на животните, на граѓаните и на градот.
Овој модел го покажа најубавото лице на Скопје: лице на хуманост, одговорност, заедништво и системско делување.
До активистите - делуваме и не се откажуваме, продолжуваме секогаш во интерес на животните.
Активистите повеќе не се дел од директното управување и Управниот одбор, а борбата за правата на животните продолжува во нова форма. Затоа што борбата за хуманост, ред и одговорност не завршува со една одлука или функција.
Во продолжение СУМИРАНИ ПОДАТОЦИ за, по нас, клучните активностите што Лајка ги оствари во услови на опструкција, неизвесност и недостаток на поддршка од надлежни институции. Сите детални податоци можете да ги консултирате во годишните извештаи на Лајка.
.
РЕЗУЛТАТИ:
● ПОРАСТ во стерилизации во споредба со претходните назначени раководства
под раководство на активист: 2023г - 1230; 2024г - 1209; 2025 - 1006 . Претходно: 2021г - 751; 2022г - 655;
● масовно вдомени кучиња преку активисти, организирани процеси и јавни акции.
● укажување директна помош, лекување и спасени животни
● Програмата за времено згрижување на бездомни кучиња – со целосна поддршка (храна, ветеринарна грижа, поддршка и промоција).
● Континуирано заловување, чипирање и третман на бездомни кучиња низ сите општини , иако поголемиот дел не ги исплаќаа услугите на Лајка..
Воведена ПРОГРАМА ЗА КОНТИНУИРАНА ЕДУКАЦИЈА
Официјално воведена како стратешка цел на Лајка, со фокус на стерилизација и кастрација, одговорно сопствеништво,права и обврски на сопствениците, спречување на напуштањето животни, хуманост и емпатија како општествена вредност
Едукативни активности
● Предавања и работилници за ученици од основни и средни училишта.
● ЕдуКатче на Лајка , Онлајн предавања за права на животните со вклученост на средношколци. Уредувачки маратон со Викимедија МКД- „Од стационарот Лајка до Википедија“, работилници,
Илјадници деца се едуцирани преку работилници, предавања и активности поврзани со благосостојбата на животните.
Open air и интерактивни настани
ВДОМИ ЉУБОВ Фест – Градски парк
➤ Отворен простор за запознавање со кучињата, разговори, игри и активности за граѓаните.
Лајка гризе за Вардар!
➤ Кампања и акција со акцент на животната средина и животните.
Отворени денови за вдомување во Лајка
Роденденски забави на ЈП Лајка
➤ Изложба на цртежи, јавни пораки, активности за деца со хуман фокус.
Соработки, фестивали и урбани акции
Отстапување на рекламен простор – Diamond Mall
➤ Електронски билборди за промоција на вдомување.
Саем за миленици – Diamond Mall
➤ Тридневен фестивал со:
- Meet & Greet штандови со кучињата
- Бесплатни ветеринарни совети
- Едукациски активности
- Донации
КАМПАНИ ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТ, РУШЕЊЕ НА ПРЕДРАСУДИ И ПОДДИГНУВАЊЕ НА ВИДЛИВОСТА
Животот да ти стане бајка, вдоми куче од Лајка!
Ако имаш место во срцето, имаш и во домот – кампања со агенцијата New Moment за подигнување на јавната свест.
Црно сум, па што? – кампања за рушење на предрасуди кон црни кучиња, кои имаат најниска стапка на вдомување.
Питбулите сакаат гушкање – адресирање на стереотипи поврзани со расата.
Вдоми ме. Ако не сега, кога? – кампања со фокус на постари кучиња.
Дали си ти мојот дом? – емотивна промоција од перспектива на кучето.
Погледни ме и мене – за зголемување видливост на помалку забележани кучиња.
Различни, но посебни – посветена на кучиња со инвалидитет.
Предновогодишна чајанка во Лајка - со децата од здруженијата за лица со попреченост и Америчка амбасада
Стани инфлуенсер за кучињата од ЈП Лајка!
➤ Акција за вклучување на младите во создавање содржини и промоција на пораките за вдомување.
ТРИТатон – Tapas Bar TRN
➤ Граѓаните подготвуваат храна за кучиња и учествуваат во социјализација.
Прошетај и промовирај куче
➤ Иницијатива за пешачење со кучиња во урбана средина за зголемување на видливост и шанси за вдомување.
Ајде да ја испразниме Лајка“ – кампања за вдомување на кучиња со цел да се намали бројот на згрижени кучиња и да им се обезбеди дом на сите
Дополнително, Лајка разви широка мрежа на донаторски куќички во трговски центри (Diamond, East Gate), и воспостави 24/7 комуникација со јавноста и социјални медиуми за транспарентно известување за активностите.
ПРАВНИ ИНЦИЈАТИВИ И СИСТЕМСКИ РАЗВОЈ
Предлог измени и дополни на Законот за заштита и благосостојба на животните регулирање на одговорното сопствеништво , одгледувачката и трговска дејност
Иницијатива за криминализација на напуштање миленици
Меѓуинституционална соработка за усогласување на подзаконски акти
Правна постапка за убиството на кучето Феликс, правни постапки за мачење на животни, правни иницијативи за одземање на кучиња кои се злоставувани
➤ Прва пресуда со затвор за убиец на куче
Континуирана истрага и јавни повици за одговорно постапување со кучиња од страна на надлежните служби
РАЗВОЕН ПЛАН И ОДРЖЛИВОСТ
воспоставени и унапредени работни процеси
Четиригодишен Акциски план за развој на ЈП Лајка
предлог модели за финансиска одржливост:
• Гробишта за миленици – специјализирани услуги за достојно погребување.
• Специјализирани услуги, обуки и дресура
• Лајка Пет Кафе – иновативен центар за заедницата и животните
• Лајка Фест – едукативен, инклузивен целодневен настан






