Здружението за заштита на животните АНИМА МУНДИ е здружение на граѓани создадено за да иницира заложба и јавна борба против секој вид злоупотреба и искористување на животните од страна на човекот.Целиме кон индивидуална и колективна промена на човековата свест и ширење свест за вистинската природа на животните како битија кои чувствуваат болка, патење, страв. Веруваме дека сите живи битија кои чувствуваат имаат право на живот и слобода. Крајна цел на АНИМА МУНДИ е укинување на сите облици злоставување, мачење и експолатација на животните од страна на луѓето.
Визијата на АНИМА МУНДИ е хуман свет - свет без насилство, мачење, искористување на животните од страна на луѓето и нивно уважување како свесни и чувствителни живи битија на кои природно им припаѓа правото на живот и слобода.
Мисија на здружението е да поттикне и предводи борба против секаков вид злоупотреба и искористување на животните од страна на човекот и дејствува преку 1) едукација (ширење информации со цел да се создаде индивидуална и колективна промена на свест); 2) лобирање и соработка со институциите за поволна законска рамка и имплементација на законите; како и преку 3) активна работа на терен. На овој начин ќе придонесе кон заштитата на животните и хуманизација на македонското општество во целост.
1. Во контекст на остварување на таа цел настојуваме за укинување и забрана на:
2. Максимално ќе се ангажираме за:
3. Едукација на граѓаните со цел помирување на човекот и природата
Притоа:
1. Ќе дејствуваме и ќе ја шириме свеста за поврзаноста помеѓу човекот и животните и за нивната вистинска природа како суштества со чуства на болка и страв,
1. ВО ОДНОС НА ПРОБЛЕМИТЕ СО БЕЗДОМНИТЕ ЖИВОТНИ
Здружение за заштита на животни "Анима Мунди"
Телефон: 077 487 253
E-пошта: contact@anima-mundi.org.mk | anima.mundi.sk.mk@gmail.com
Денарска сметка
240090002006130
Депонент-Уни Банка А.Д.-Скопје