Печати
РИБИТЕ НЕ СЕ ГЛУПАВИ

Рибите не го заслужуваат епитетот на најглупи претставници на животинското семејство, тврди група реномирани и познати научници.

Спротивно на верувањето дека рибите се своевидни празноглави суштества водени само од инстинктите кои се ограничени поради имање краткотрајна меморија од три секунди , овие научници тврдат дека рибите се досетливи, манипулативни, а воедно и социјално и културно освестени. Научниците дури тврдат дека интелигенцијата на рибите на некој начин може да се спореди со интелигенцијата на поедноставните видови примати. Ова мислење го делат три научници од универзитетите Edinburgh  и St. Andrew's во Шкотска и универзитетот Leeds.

Тврдат дека концептот на психолошките и ментални способности на рибите драматично се сменил со текот на годините.

Биолозите Calum Brown, Keven Laland и Jens Krause во списанието "Fish and Fisheries" пишуваат:

"Исчезна (или е барем станато недоветно) мислењето дека рибите се неинтересни, празноглави појави со мозок со големина на зрно грашок, водени во најголема мера од инстинктите, а чие помнење од времетрање на три секунди го ограничува малиот потенцијал за бихејвиорална флексибилност."

 

"Денес се смета дека рибите развиле социјална интелигенција водејќи се со макијавелиските стратегии на манипулација, казнување и смирување, преку користењето на стабилни културни традиции и по пат намеѓусебна соработка во процесот на отктривање на грабливките или за ловење храна"

 

Новите истражувања покажуваат дека рибите успешно ги препознаваат членовите на своето јато и дека се свесни за " општествениот углед " на другите.      

 

Утврдено е дека рибите се служат со разновидни техники, како и завидно количество долготрајна меморија, тврдат научниците.