Печати
КРЗНО БЛАГОДАРАМ, НЕ!

sofija_kafez_-123

Во корелација со Светски здруженија за заштита на животните, повод Светската седмица против носење природно крзно,  „Анима Мунди„ заедно со „Асоцијација на активисти за заштита на правата на животните„ организира информативен и протестен Собир – перформанс против крзнената индустрија – како производството, така и купувањето на истото.

Сакаме да допреме до македонските граѓани и информираме за една од најбруталните индустрии на измачување и искористување на животните, влијаеме на граѓаните совесно да одлучуваат што ќе облечат и каква индустрија ќе финансираат.

Нашата намера е да придонесеме  за подобро информирање на граѓаните и посочиме хумани алтернативи, наместо крзно/кожа на животни кои ради своето крзно биле дословно масакрирани.