Печати
Се врши ли злоупотреба на законите за остварување на финансиски интерес и убивање на животните, овозможено од Врховниот суд?

Почитувани, Нелогичности и недоволно познавање или произволно толкување на законите е реалноста во Република Македонија. Последно е тужба поднесена до Основниот Суд Велес против општина Велес и „Ветеринарна станица ДОО Велес“ во која тужителот бара да се усвои неговото тужбено барање и да се задолжат тужените да му ги исплатат на име „справедлив надомест за повреда на личните права, претрпена нематеријална штета“ сума во износ од 60.000,оо денари.


Тужителот ја тужи ветеринарната болница која е ангажирана и задолжена исклучиво за третман на бездомните животни за претрпен страв, душевни болки и нематеријални штети во износ од 60 000 денари и истото го поткрепува со мислење од Врховен суд дадено во негова корист - иако ветеринарната болница со ниту еден закон не е одговорна за ништо повеќе од укажување ветеринарен третман на бездомните
животни кои ќе ги залови или и бидат донесени и нивно враќање назад на локацијата од која се земени.
Иронијата да биде поголема тужителот НЕМА никаков доказ за тоа кое и какво куче го каснало, НИТУ го однел кучето, НИТУ повикал ветеринар на лице место, кој требало да констатира дали кучето е микрочипирано согласно Законот за регистрација на домашните миленици или доколку не е, да провери дали истото е бездомно животно кое поминало или не ветеринарен третман, односно НЕ СЕ ЗНАЕ дали кучето има или нема сопственик! Стручното лице кое ги констатирало повредите на тужителот е истото лице кое во судската постапка го вештачи утврдува и штета (за што остварува финансиска надомест), што е противзаконито и без двоумење ја доведува во прашање непристрасноста на самиот вештак и целата судска постапка! Дали на повидок е воспоставување на шемаа за остварување на материјална корист по примерот на Србија, кога добро уиграна група на луѓе, со нанесување на повреди од заби на веќе мртви кучиња, остваруваа милионски штети од државата?
http://ljubimci.telegraf.rs/pet-hronika/19012-u-srbiji-na-ovome-zaradjuju-milione-kuvaju-psece-glave-pa-se-njima-namerno-ujedaju
Ваквите постапки се противправни, неетички, вршат притисок врз работата на ветеринарите и создаваат идеални услови за чистка – стимулираат убивање на кучињата. Информираме дека Анима Мунди безрезервно ќе го поддржи ветеринарот во оваа постапка и бараме итно институциите да реагираат!
Начелното мислење на Врховниот суд на РМ на кој се повикува тужителот и кој ја поткрепува тужбата е спротивно на законските одредби што ја регулираат оваа проблематика (Закон за заштита и благосостојба на животните, Закон за ветеринарна дејност) - според логиката на ова мислење, хипотетички, за штета што ќе би ја направила и мечка на нечиј имот (како дивеч под заштита), освен РМ, треба да одговара и ветеринарот, што претходно ја лекувал додека била повредена. (што нема никаква правна основа).
Со вакво извитоперено толкување на законот, Врховниот суд всушност создава услови за манипулација и злоупотреба со цел остварување на финансиски интерес и ситуација ветеринарните станици да ги раскинат постоечките договори (како што е случај со тужениот ветеринар) и да не се јавуваат на тендерите, а со тоа да се прекине процесот на контрола на популацијата на бездомни кучиња и хуманиот третман, предвиден согласно Европските директиви.
Секако и пред се вршат влијание и притисок да ветеринарите прибегнувааат кон масовно убивање на животните со цел да не бидат изложени на можен притисок и казни, а таа е и појдовната причина поради која тужениот во конкретниот случај го раскина тендерот за работа во општина Велес, зошто повеќе не постојат услови да работи хумано и професионално!
Но ова ќе се јави и како голем проблем на патот на Македонија кон Европската Унија, бидејќи покрај сите услови што треба да ги исполниме, треба да се исполни и условот за постоење на соодветна регулатива за хуман третман и благосостојба на животните во согласност со Европските директиви, а со вакви мислења на Врховниот суд се оди спротивно на овие барања.