Печати
Локални избори 2013

Во пресрет на истите, со кои ќе се дефинира нова четригодишна агенда за Единиците на локална самоуправа и жителите на поединечните општини, ние, здружението за заштита на животните „Анима Мунди„, како и останатите македонски здруженија за заштита на животните и многубројни македонски граѓани,  сме засегнати за стратегиите, ставот и Програмите со кој идните градоначалници  ќе ги третираат животните. Наша цел е конечно подобрување на односот кон животните, нивна заштита и благосостојба.

До сега Македонија многу затајува на полето на хуманоста врз животните и очекуваме тоа да се смени. Целиме заедно да востановиме нови облици на однесување и инсистираме на хуманост, која ќе не дефинира како нација, а не силеџиство.

Да, визијата на градскиот татко во однос на животните биде како кон живи битија – а не како кон комунален смет кој треба насилно да се одстрани.

Македонскиот човек е хуман, осудува насилство кон животните, податоци кои се потврдени  на оние кои се засегнати од третманот на животните – до сега потребите на таа бројка граѓани не се земале во предвид. Ние како здружение, во име на сите тие хумани луѓе, бараме исполнување на овие начела, наведени во дописот кој Ви го приложуваме.

СО ВКЛУЧУВАЊЕ НА ОВИЕ НАЧЕЛА ВО ПРОГРАМИТЕ И СТРАТЕГИИТЕ КОИ КАНДИДАТИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ПЛАНИРААТ ДА ГИ РЕАЛИЗИРААТ ВО СЛЕДНИТЕ ЧЕТИРИ ГОДИНИ, ЌЕ ИМ СЕ ДАДЕ МОЖНОСТ НА ГРАЃАНИТЕ КОИ СЕ ЗАСЕГНАТИ СО ОВАА ПРОБЛЕМАТИКА ПОИНФОРМИРАНО ДА ГО ДАДАТ СВОЈОТ ГЛАС НА ИЗБОРИТЕ, т.е. ГЛАСААТ И ЈА ПОДДРЖАТ ОНАА ПОЛИТИЧКА ОПЦИЈА КОЈА СЕРИОЗНО ЈА ЗЕМА ПРЕДВИД И СТРАТЕГИЈАТА ЗА ТРЕТМАНОТ НА ЖИВОТНИТЕ.

Бараме секој кандидат градоначалник да се произнесе дека:

1.  За решавање на проблемот со прекумерната бројност на бездомните кучиња општината – кандидат градоначалникот ќе се обврзе да применува стратегијата на масовна стерилизација (во светот позната како залови – стерилизирај - врати) како и бесплатна вакцинација, бидејќи според научните истражувања е единствена препорачана за хумана, ефикасна и економски исплатлива метода, препорачана од релевантни инстанци - Светската здравствена организација, Советот на Европа, најсилните интернационалните здруженија за заштита на животните (PETA, Brigitte Bardot foundation, WSPA; сите балкански здруженија за заштита на животните), и светската ветеринарната мрежа. Бараме оваа програма да не биде ставена само на хартија, а во реалноста и понатаму да се спроведува и фаворизира масовно убивање на кучињата.

2. Ја сметат за стратешки важна соработката со сите здруженија за заштита на животните бидејќи благосостојбата на животните е од синергиско влијание на опшата благосостојба, заштитата на човековото здравје и здравјето на животните, заштитата на природата и животната средина,  негување на хумани вредности и зачувување на позитивен имиџ на општината, со цел адекватна примена на методата и пред се максимална транспарентност и доследност во спроведувањето. Да се обврзат дека ќе овозможат учество на здруженијата во раководењето на стационарите на општинско ниво и помогнат соодветна едукација на населението, организираат кампањи за стерилизирање и вдомување миленици. Во отворена соработка со здруженијата за заштита на животните како и сите засегнати граѓани, ќе воспотавиме систем за позитивна пропаганда и едукација на граѓаните, со особен акцент на младата популација.

3. Ќе го осудат насилството и  суровоста врз животните и стават особен акцент врз превенирањето на девијантни форми на однесување кон животните, при што ќе се ангажираат  општинските капацитети и формираат служби за детектирање на сторители на кривични дела труење, мачење, убивање на животните. Оваа активност би подразбирала и тесна соработка и вклученост во дејствувањето на Здруженијата за заштита на животните и засегнатите граѓани.

ваквите практики се сеприсутни во повеќето западни земји, особено Велика Британија Америка, во моментов се усвојува во Хрватска и во Србија. Во Македонија таа потреба се игнорира, иако се секојдневни апелите на здруженијата, како и граѓаните. Наведената служба ќе служи за откривање и санкционирање на секаков вид злосторништво врз животните и непотребно излагање на болка и страв–масовни труења на бездомни животни со отрови опасни и за животот на луѓето, пред се децата; тешки деликти, матретирање, мачење, излагање на непотребен страв и болка, и слично, бидејќи во Македонија досега сите тие облици на антисоцијално и девијантно однесување биле маргинализирани по важност и и немале правна завршница. Во досегашните услови кога сторителите на таквиот чин не бидат казнети согласно Законот, индиректно насилството се третира за прифатливо.Светските практики и психијатарската наука укажуваат дека е примарно таквите дејствија да бидат превенирани а ако се случат сторителите мораат да бидат санкционирани, бидејќи насилството врз животните најчесто е само претходница на насилството врз луѓето, и ако не реагираме, насилниците ги охрабруваме и стимулираме на нареден чекор.