Печати
Инспектори злоупотребиле функција и казниле човек зошто храни бездомно куче!

dhДека хуманоста е на удар во Република Македонија, говори случајот со кој е соочено семејството Музовски од Демир Хисар, кое, за својата човечност е финансиски казнето, по брза постапка. Во Демир Хисар, каде не постои никаква институција за заштита на животните, ниту стационар, хуманиот граѓанин Марјан е казнет со педесет евра и под закана дека веднаш повторно ќе биде казнет, затоа што даваат храна бездомно маалско куче.

 

Казнети се зошто така и се можело на нивна сосетка инспекторката С. Ц. која не сакала да го гледа мирното бездомно кутре на кое семејството Музовски повремено му давало храна, инаку верен пес кој е пријател повеќето деца од маало. Во прилог и негова фотографија, со дете.

Кучето извесно време живеело околу зградата и инспекторката се заканувала дека ќе ги казни, по што они на два пати го дислоцирале кучето во околни села, но тоа се враќало. Демир Хисар нема прифатилиште и кога луѓето се одбратиле на институциите за помош добиле насоки  да го фрлат на планина. И тоа го сториле, но без успех, зошто кучето се враќало. Тогаш инспекторката искористувајки ја нејзината работна позиција и контакти повикала нејзини колеги (државни службеници со пониско звање, значи непосредно подредени), комунални редари кои без воопшто да дојдат, направат увид, констатираат дали е кучето бездомно, или со сопственик изрекле парична казна по брза постапка на семејството.

Институциите не постојат да се изживуваат врз граѓаните, туку се нивен сервис и како таков должни се и платени граѓанинот да го штитат!

Анима Мунди има докази дека е во случајов искривена фактичката состојба и извршена груба и безобразна злоупотреба, притисок и  штета врз едни хумани луѓе. Злоупотребата е направена од инспектори, од службени лица кои наместо да се грижат и им служат на граѓаните (за што се платени), ги компромитираат оние кои се одговорни и хумани и ги удираат по џебот.

Заради бесчувствителноста, хировите , безобразието на една жена, која има овластувања и се заканува дека пак ќе изрече казна,страда цело семејство само затоа што хумано рани улични кучиња и дополнително се бара начин како да се отстрани животното, кое е мирно, верно и не прави штета никому! Информираме дека ваквата злоупотреба не смее да биде толерирана како и дека поднесовме пријава против службените лица кои во овој случај извршиле злоупотреба на службена должност и кои за тоа ќе  одговараат.