Печати
Претставка за општина Аеродром

design

До: Агенција за храна и ветеринарство,

Сектор за здравствена заштита и

благосостојба на животните

ПРЕДМЕТ: ПРЕТСТАВКА за Општина Аеродром

Почитувани,

Со оваа преставка Ви се обраќаме како надлежен орган за благосостојбата на животните, но особено за правилна примена на Законот за заштита и благосостојба на животните. Имено на ден 15.07.2015 г на fb – страницата на општина Аеродром e истакнат Апел за пријавување на опасни кучиња со следнава содржина :  “А П Е Л- ПРИЈАВУВАЈТЕ ОПАСНИ КУЧИЊА! Општина Аеродром апелира до граѓаните доколку забележат опасни или агресивни кучиња-скитници да ги пријават на општинската фан-страница на

 

фејсбук, по што ќе се интервенира до шинтерската служба за нивно заловување. Во пријавата, која треба да се испрати во порака на фан-страницата на Општина Аеродром, треба да стои локацијата на која е забележано кучето, а пожелно е во прилог да се испрати и негова фотографија.”

Вака срочениот апел според нас е директен повик за линч на уличните животни,бидејки според Закон за заштита и благосостојба на животните е јасно утврдено што е опасно куче и каков е начинот на понатамошно постапување со него, додека пак субјективниот став на поединци кои не се компетентни да утврдат дали станува збор за опасно куче или не, сметаме дека ќе биде основа за голем број субјективни телефонски повици до Вардариште и со тоа на еден начин легализирање на неоправданоста на постапката со која повеќе пати годишно се заловуваат исти, веќе третирани кучиња.

Поради ова, бараме од Вас да извршите инспекциски надзор и да утврдите кои кучиња се заловени, дали истите се претходно третирани, дали и како се утврдува агресивноста во секој случај поединечно, дали согласно Правилникот се почитуваат роковите за нивно чување, условите во кои се чуваат, третманот и најважно од се, дали се враќаат потоа на истата локација.

Во прилог Ви доставуваме print screen од истакнатиот Апел на фејсбук страницата на општина Аеродром и ставовите, згрозеноста кај населението што истиот ги предизвикува.

Со почит,

Анима Мунди