Печати
[ВИДЕО+ФОТО] Полиција да нè штити нас, а не криминалците!

Полиција да нè штити нас, а не криминалците! ДА СЕ СПАСИ ЖИВИОТ КОЊ!
БЛАГОДАРИМЕ НА СИТЕ КОИ ДЕНЕС БЕА ЗАСЕГНАТИ, ХРАБРИ, БАРАА ПРАВДА - ВИЕ СТЕ ГЛАСОТ НА ЖИВОТНИТЕ!

Повеќе од стотина активисти на здружението за заштита на животните „Анима Мунди“, љубители на животните и засегнати граѓани денеска 29-08-2015 година протестиравме во скопската општина Ѓорче Петров пред полициската станица. Бараме полицијата да го реши проблемот со убиецот на коњот и тој да одговара за тоа.

 

 

 

Во Кривичниот законик на Р. Македонија, во чл.233 јасно е наведено дека:

“ (1) Тој што грубо злоупотребува животно или го изложува на непотребни маки или му нанесува непотребни болки или заради изживување го изложува на страдање, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

(2) Тој што со нехранење, непоење или на друг начин изложува животно подолго време на тегобна состојба, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.”

 

Како во конкретниов случај сторителот Владимир Д. беше фатен на лице место, како со нехранење и непоење го изложува на непотребни маки коњот, полицијата наместо да му поднесе кривична пријава и истиот да го одземе (додека сеуште беше жив), му дозволува да го однесе на својот имот. Свирепоста на ова лице отиде дотаму што, истиот фалејќи се дека е заштитен од полицијата, утредента демонстративно го фрла мртвото тело на коњот на истото место, во школскиот двор, со цел да влее страв на другите и да покаже дека не се плаши од никого. Дури, пред полицијата, со својата багра 10-тина поддржувачи, упатува сериозни закани по животот и телото на новинарката Ј.И – Јоци и на присутните активисти, при што полицијата повторно не реагира и не прави записник и за ова дело по чл.144 од К.З. (загрозување на сигурноста)

 

Каде згреши полицијата:
1. Не е поднесена кривична пријава по чл.233 од К.З. иако се исполнети сите битни елементи на ова кривично дело и обезбедени се сите потребни докази.
2. Не е одземен коњот и не се направени напори за вториот жив коњ, што е сеуште кај него и над кој сторителот врши продолжено кривично дело на мачење и малтретирање на животни.

 

Што треба полицијата да направи:
1. Да покрене кривична пријава за мачење на животни!
2. Да обезбеди налог од надлежен јавен обвинител за претрес на имот, затоа што освен мачењето на коњот, на неговиот имот во тек е извршување и на мачење на кучињата – користени за борби, кои ги чува во голем број и во несоодветни услови. Да се одземат итно и спасат животните!
3. Да обезбеди недвосмислена заштита на активистите, новинарката и секој друг кој е изложен на притисок и закани по лична безбедност и безбедност на сопственото семејство, од страна на насилниците.
4. Насилниците да завршат во затвор!


Доколку полиција не го направи ова, ќе се потврдат нашите сомнежи, а и неговите фалби дека е недопирлив од законот! Доколку полицијата не ги исполни наведените барања ќе превземеме ред други мерки и повторно излегуваме на улица.
БЛАГОДАРИМЕ НА СИТЕ КОИ ДЕНЕС БЕА ХРАБРИ, БАРАА ПРАВДА, КОИ БЕА ГЛАС НА ЖИВОТНИТЕ.

Facebook event : link
Facebook album: link