Печати
Болести и смрт сее Вардариште

Природната селекција на Петре Шилегов се вика парвовироза/штенечак а Вардариште е дувло на овие вируси!

Не Петре. Не умираат од природна селекција. Умираат од вашето неработење и вртење на вистината. Малите кучиња ги убивате, осудувате на бавна смрт со нивното носење таму. И не е незнаење затоа што сто пати кажавме, туку така очигледно одговара – ги нема во евиденција, не се трошат пари за да се убијат, умираат сами во гушење, неописиви болки, органите, утробата им се распаѓа. Невидливи, заборавени од сите... Овие гревови беа заловени со нивната мајка, беа здрави, весели, игриви.

 

 

Кутрињата Лизи, Лејди и Лана. Заедно со сестричката Луна и братчето Барт. Сите испуштија душа , на раце ни умираа едно по едно од Вардариште. Бараме ИТНА ЗАБРАНА за внес на мали кучиња во стационар! Ова се само неколку меѓу илјадници, бараме одговорност за секое едно!

fb post and photos