Печати
ПОМАГА ЛИ ТЕСТИРАЊЕТО ВРЗ ЖИВОТНИ ВО ЧОВЕКОВАТА МЕДИЦИНА?

Многу луѓе би се согласиле со констатацијата дека козметичките тестови врз животни се апсолутно непотребни, но кога станува збор за тестирањата во медицинска намена, не се толку сигурни. Тоа е разбирливо - сите ние сакаме да видиме позитивни достигнувања на тоа поле. Но прашањето е колку се тие тестови врз животни потребни, а пред се компетентни, како би се заштитило нашето здравје?

 

33 ФАКТИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ЗЕМАТ ВО ПРЕДВИД

1. Помалку од 2% од човековите болести (поточно 1,16%) било кога се видени кај   животните
,

2. Според поранешниот научен раководител на Huntingdon Life Sciences, резултатите добиени од експериментирање врз животните и човечките наоди се согласуваат само во 5 - 25%,

3. 95% лекови кои се тестирани врз животниведнаш биле одфрлени како исклучително опасни или безполезни за луѓето,

4. Најмалку 50% од лековите кои се наоѓаат на пазарот предизвикуваат рак, доколку иститите се применат врз животните. Тие се одобрени само поради тоа што јавно се признава дека експериментите врз животни се нерелевантни
,

5. Компанијата Procter & Gamble користи вештачки мошус иако тој не ги поминува тестовите на животните, односно докажано е дека истиот предизвикува тумор кај глувците. Нивниот одговор е дека резултатите од тестирањата врз животните се од "мал значај за луѓето",

6. Кога биле прашани дали експериментите врз животни се навистина меродавани земајќи ја в предвид анатомската и психолошка различност помеѓу луѓето и животните, 88% лекари се согласиле дека не е така.

7. Резултатите на испитувањата над стаорци сигурни се само 37% во идентификација на причинителите на рак кај луѓето. Дури и фрлањето паричка би било по прецизно!

8. Глодарите се животни кои речиси секогаш се користат во истражувањата за рак. Меѓутоа тие животни никогаш не оболуваат од малиген карцином, човечка форма на рак која го разорува опното (пример рак на плуќа). Нивниот сарком ги погодува коските и врзивното ткиво: тоа се меѓусебно неспоредливи резултати,

9. Повеќе од 90% резултати добиени од експерименти врз животни се одфрлени, бидејќи се неприкладни за човек,

10. Резултатите при експериментирањето врз животните можат битно да се изменат со факторите како што се прехраната и сместувањето. Видот на сместување бил идентификуван како причина која ја зголемува стапката на рак за дури повеќе од 90%, но е речиси нула проценти кај истиот вид глувци сместени на различни локации,

11.Половите разлики кај животните во лабораториите можат да предизвикаат контрадикторни резултати на експериментирањето. Тоа не се совпаѓа со луѓето,

12. 9% од животните кои биле подлегнати на анестезија како би се опоравиле, умреле токму од анестезијата,  

 

13. Проценето е дека 83% супстанци кај глувците метаболизираат на поинаков начин отколку кај луѓето,

14.
Обидите за подигнување обвинение против производителот на лекот Surgama паднале во вода поради сведочењата на медицинските стручњаци дека "податоците собрани од животните не се многу сигурни за пациентите",

15. Според резултатите на испитувањата врз животните лимуновиот сок е смртоносен отров, додека арсенот, кукута и ботулин сосема сигурни!

16. Генетски модифицираните животни се причина за многу болести. MDX глушецот требал да докаже дистрофија на мускулите, но мускулите му се регенерирале без третман,

17. Според едно истражување во Германија, причина за 88% мртвороденчиња се хемиски производи кои успешно го поминале тестирањето врз животни!

18.  Според едно истражување во Германија, причина за 88% мртвороденчиња се хемиски производи кои успешно го поминале тестирањето врз животни!

19.  Еден од шест хопспитализирани пациенти се наоѓа во болница токму поради тертманот на лечење на кој бил подлегнат!

20. Годишно до 100.000 смртни случаеви во Америка доаѓа поради медицинските третмани. Во една година 1, 5 милиони луѓе завршило во болница поради  лечење,

21. Истражувањата на Светската здравствена организација укажуваат дека децата 14 пати полесно оболуваат од сипаници доколку за тоа биле вакцинирани!

 

22. 40% од пациентите патат од нуспојави поради препишани третмани на лекување,

23. Повеќе од 200.000 лекови биле пуштени на пазарот, од кои повеќето во меѓувреме биле повлечени. Според Светската здравствена организација само 240 од нив биле "неопходни",

24.Германскиот лекарски конгрес заклучил дека 6% од фаталните болести и 25% од органските болести се предизвикани од лекови кои претходно успешно го поминале тестирањето врз животни!

25.Операцијата за спасување животи при ектопична бременост каснела 40 години поради вивесекцијата,

26.Според мислењето на Royal Commission  во врска со вивесекцијата (1912) за откритието на анестетиците воопшто нне се заслужни експериментите врз животните. Познатиот Др. Hadwen заклучил "Да сме се потпирале на експериментирањето врз животните, човештвото би било ускратено од тој прекрасен благослов на анестетиците". Halsey го опиша Fluroxeneovoto откритие како еден од најдраматичните примери за залажување со помош на податоци добиени од животните",

27.Аспиринот не ги поминува тестовите врз животните како ни Дигиталис ( лек за срце), ниту пак инсулинот (предизвикува дефекти при раѓањето на животните), ниту пеницилинот, како ни многу други за луѓето сигурни лекови. Истите би биле забранети да се прашувале вивесекторите,

28.Производителите на Thalidomida на суд биле ослободени откако врз основ на бројни изјави на стручни лица била донесена одлука дека резултатите при експерименти врз животни не можат да користат во медицината наменета за човек,

 

29.Трансфузијата на крв доцнела 200 години токму поради експериментирањето врз животните, а трансплантацијата на рожница доцнела 90 години,

30.И покрај многубројните Нобелови награди кои ги добиле вивесекторите, само 45 % се согласуваат дека експериментите врз животни биле неопходни.

31.Постојат најмалку 450 алтернативнио методи кои можат да ги заменат експериментите врз животни.
Научниците развиле методи на раст на секакви станици, па и човечки, во епрувета - што значи дека тестовите би можеле да се вршат директно врз истите. Со самото тоа што се клетките од човечко потекло, тестовите се веродостојни. Освен ова постојат и други ефективни и признаети алтернативи, вклучувајќи ги тестовите на вештачки човечки епидерм, компјутерски модели, пациенти доброволци,

32.Најмалку 33 животни умираат секоја секунда во лабораториите ширум светот; во Велика Британија умира едно животно на секои 4 секунди!

33.Директорот на  Research Defence Society (која постои за одбрана на вивесекцијата) бил запрашан дали напредокот во медицината би бил возможен без користење на животни. Негов писмен одговор гласел:  "Сигурен сум дека би бил.“