Печати
НЕШТО ПОВЕЌЕ ЗА ЕКСПЕРИМЕНТИТЕ ВРЗ ЖИВОТИ

ПОСТОИ ЛИ АЛТЕРНАТИВА?

 

Да, денес постојат многу алтернативи. Минативе години на пример, токсикологија на клетките станала признаена алтернатива на тестирањето врз животните. Научниците развиле метода на растење на било какви клетки, дури и човечки, во епрувета - што значи дека тестирањето може да се врши директно врз тие клетки. Со самиот факт дека клетките би биле од човечко потекло, тестовите се поверодостојни.

Освен овие, постојат и многу други признаени и ефективни алтернативи, вклучувајќи ги тестовите врз вештачки човечки епидерм, врз компјутерски модели, или пак пациенти доброволци. Со овие алтернативни методи до сега се веќе тестирани 8 000 состојки кои се пуштени во продажба, како безопасни за човековото здравје.


Најзначаен придонес на производителите на козметика сигурно би било производството на веќе познати состојки. Но како што е познато, додека има такви на кои им е профитот поважен од туѓото патење, тешко ќе биде да се реши овој проблем, а индустријата на убавина ја има најгрдата можна друга страна...

 

БИДЕТЕ СВЕСЕН ПОТРОШУВАЧ!

Долг е патот пред оние кои сакаат да придонесат на општество во кое патењето ќе биде сведено на најмала можна мерка. Но промената на расположението на потрошувачите во последните дваесет години покажа две работи - луѓето се будат и почнуваат самостојно да одлучуваат што купуваат, и не наседнуваат така лесно на реклами.


Второ  - влијанието на потрошувачите е можеби единствениот вистински успешен начин за постигнување промени. Со притисок врз произведувачите, бојкотирањето на непожелните производи ние всушност провоцираме создавање на друг начин на производство на козметика, таков каков што ние посакуваме - кој не предизвикува патење.
Ако тоа го бараме, тоа и ќе го добиеме. Кога производите тестирани врз животните ќе почнат да стојат со месеци на полиците во продавниците, фирмите ќе ја преорјентираат својата дејност. Бидејќи, да не заборавиме, тие се тука само поради парите. А парите доаѓаат од нас!


Објавил Virunga News 23.02.2001.