Печати
Стоп за тестирањето на ботокс врз животни!

image_2_5620Секоја година, стотици илјади глувци умираат во светот во застарени тестови за ботулински токсин (подобро познат како „ботокс“). Европската коалиција за прекин на експерименти врз животни (ECEAЕ www.eceae.org) каде национален претставник – набљудувач за Македонија е Анима Мунди, се бори да стави крај на овие неизмерно сурови експерименти за производ кој често се користи единствено за целите на естетски корекции со минлив ефект.

Секоја серија на ботулински токсин која излегува на пазарот е тестирана на стотици глувци со примена на контроверзниот тест на труење со смртоносна доза (LD50).

Тестот се нарекува LD50 бидејќи истражувачите бараат доза која ќе убие 50% од глувците - тоа предизвикува ужасно страдање. Ботоксот се вбризгува во стомакот на глувците и потоа се следи колку од нив ќе умрат. Глувците постепено се парализираат, дишењето им е отежнато, и, доколку не се интервенира, се задушуваат до смрт.

Ботулинскиот токсин е лиценциран во ЕУ како лек, но е подобро познат по својата недозволена употреба како козметички препарат. Тоа значи дека глувците може и понатаму да се користат во овие тестови, иако користењето на животни за тестирање на козметички производи е забрането во ЕУ од 2004 година.

 

ЕЦЕАЕ верува дека тестирањето ботокс врз животни е етички погрешно. Американската компанија Allergаn неодамна доби одобрение од ЕУ за алтернативен метод на тестирање за нивните ботокс производи. Тестот се темели на човечки клетки и за него не се користат животни. Тоа докажува дека ботоксот може да се тестира без суровост врз животните. Другите две водечки компании, Ipsen и Merz-Pharma, продожуваат да го користат застарениот LD50 тест.

Вие може да ни помогнете да ја спроведеме забраната. Ве молиме делувајте сега и помогнете ѝ на ЕЦЕАЕ да го запре тестирањето ботокс врз животни.