Печати
ВАШЕТО УЖИВАЊЕ Е НИВНА МИЗЕРИЈА

cirkus_flaer_3БОЈКОТ ЗА ЦИРКУСИТЕ СО ЖИВОТНИ!

 

1. Животните во циркуси поминуваат околу 11 месеци во патување  - заробени и оковани, изложени на екстремни температури, во услови на континуирана тортура. Од самиот транспорт, до начините на нивна дресура, секој миг за нив претставува вистинско мачење.

2. Стандардните методи и техники кои се практикуваат за изведување на нивните бесмислени точки соддржат во себе насилство, сакатење, лишување од храна, дрогирање, хируршко отстранување или онеспособување на нивните канџи и заби. Алатки за тренирање на животните: камшици, електрични и безбол палки, ланци, окови, плеада на сечива и сл...Точките кои животните ги презентираат пред јавноста се нешто што своеволно никогаш не би го направиле. Го прават тоа зошто мораат, плашејќи се од казна.


3. Животните родени во циркус никогаш не се пуштени да живеат во природната средина од која потекнуваат.

4. Хигиената и условите во кои престојуваат овие животни се под секои стандарди и секогаш постојат високи предуслови за заразни болести.

5. Циркуските животни имаат многу покус животен век. Високата стапка на смртност се должи поради повредите здобиени во состојба на целосен шок, како резултат на физичко злоставување и практицирање насилство, физичка и психичка исцрпеност, депресија, константен страв, и опаднат имунитет.

6. Животот на животните во циркусите претставува комплетна изолација која придонесува за многубројни психички болести кај нив - како копрофагија (голтање на сопствениот измет), или сакатење на сопственото тело.

 

 

ЦИРКУСОТ Е  ВЕЧНА АГОНИЈА ЗА ЖИВОТНИТЕ!