Печати
МИСЛИ И ИЗЈАВИ НА ПОЗНАТИТЕ

gete

"Ловот е секогаш една форма на војна."- Ј.В.Гете (1749 - 1832), германски поет

 

 

 

 

kant3"Од сите модели на живеење ловот најмногу му се противи на моралниот закон; Ноевата забрана за пролевање на крв изгледа уште од прапочетокот како ништо друго освен како забрана за ловот." - Емануел Кант (1724 - 1804), германски филозоф

 

 

 

tolstoj4

"Од убиство на животни, до убиство на луѓе, има само еден чекор" - Л.Н.Толстој (1828 - 1910), руски поет

 

 

 

 

pitagora_1"Она што човек на животните им го прави, со иста вредност на него ќе му се врати". - Питагора (6. век пред Христос), грчки филозоф и математичар

 

 

 

So

"Кога човекот сака да го убие тигарот, тоа се нарекува спорт. Кога тигарот сака да го убие човекот, тоа се нарекува Ѕверство." - Џорџ Бернард Шо (1856 - 1950), ирски драматичар

 

 

 

ajnstajn3"Ништо нема повеќе да ги зголеми шансите за преживување на Земјата, како што тоа може да го стори преминувањето кон вегетаријански начин на исхрана." - Алберт Ајнштајн (1879-1955), германско-американски физичар, добитник на Нобеловата награда во 1921 г.

 

 

Edison1"Вегетаријанец сум и антиалкохоличар затоа што на тој начин можам многу подобро да го користам својот мозок." - Томас Алва Едисон (1847-1931), најголем пронаоѓач на своето време
(1500 изуми, меѓу кои и сијалицата).

 

 

kafka1"Сега можам конечно со спокојство да ве набљудувам; јас повеќе не се хранам со вас!" (забелешка при едно набљудување на риби во аквариум) - Франц Кафка (1883-1924), австриско-чешки писател.

 

 

 

darvin3"Исто како и човекот, така и животните чувствуваат радост и болка, среќа и несреќа" - Чарлс Дарвин (1809 - 1882), англиски научник и основач на Дарвинизмот

 

 

 

Caplin1"Човекот е припитомено животно кое со векови управувало со другите животни преку измама, насилство и суровост." - Чарли Чаплин, англиски актер и режисер

 

 

 

gandi"Сметам дека духовниот напредок, на една одредена точка, бара од нас да престанаме да ги убиваме нашите со-суштества заради задоволување на нашите телесни желби за убивање....Величината и моралниот напредок на една нација можеме да ги цениме според начинот на кој таа се однесува кон животните." - Махатма Ганди (1869-1948), индиски политичар и поборник за протести без насилство

 

 

ruso3"Еден доказ дека вкусот на месото е неприроден за луѓето лежи и во фактот што малите деца имаат одбивност кон оваа храна и ги претпочитаат вегетаријански приготвените јадења, како на пример млекото и млечните производи и лебот, овошјето и сл. Многу е важно овој изворен и природен вкус да не се расипе и децата да не се направат месојадци. Како и да ги толкуваме фактите, еден факт е непобитен:големите месојадци најчесто се посурови и подиви од останатите луѓе." - Жан Жак Русо (1712-1778), француско-швајцарски филозоф, педагог и писател: творец на движењето "Назад кон природата!"

 

zan_pol2"Праведен Боже! Колку часови малтретирање на животните се потребни, за да му овозможат на човекот само една минута празнично јадење."- Жан Пол (1763-1825), германски поет

 

 

 

 

Eugen_Rot1"Си мисли човек, задоволен и радосен -не сум касап, крвав, суров. Но тој човек колбаси љуби, а со тоа и невиноста за убивањето му се губи." - Еуген Рот (1895-1976), германски писател