Печати
ЖИВОТНИТЕ И НИВНИТЕ ПРАВА

Зошто права за животните?


Во светот има многу проблеми кои треба да се решат, а суровоста врз животните е само еден од нив. Мораме да стремиме да ја намалиме и спречиме несреќата секаде каде што можеме. Помошта на животните не е поважна, ниту помалку важна од помагањето на луѓето. Несреќите и патењето на животните и несреќите, патењето на луѓето  се меѓусебно поврзани.
Со векови наназад луѓето ја злоупотребуваат својата надмоќ врз останатите видови но и врз самите себеси: трговија со робови, етничко чистење, геноцид, злоставување на жени и деца, присилно искористување на детски работен труд...денес се чудиме како нешто од набројаното некогаш воопшто можело да се случува и тешки ни се некако за воочување и во сегашноста истите стереотипи, истата обесправеност и насилство, иста злоупотреба на моќ. Некогаш тоа биле "само Индијанци", "само Евреи", денес се тоа "само бездомници", "само хомосексуалци", "само животни".
Животните немаат моќ на говор за да можат сами да се одбранат, затоа сме тука ние, кои сочувствуваме, да зборуваме и во нивно име и да ги браниме нивните права. Демократското општество својот напредок мора да го покажува и во односот кон животните и нивното право на живот, во склад со природата на нивниот вид.