Почитувани сограѓани, пријатели и љубители на животните,
Ве повикуваме на масовен протест! Да го дигнеме гласот и конечно да се обидеме да создадеме хумано општество во кое живеат не само луѓето, туку и сите останати живи суштества.
ДА ИЗЛЕЗЕМЕ СИТЕ ЗАЕДНО ЗА НАДЛЕЖНИТЕ КОНЕЧНО ДА ЗАПОЧНАТ СО ПРИМЕНА НА ХУМАНИТЕ МЕТОДИ ДО ТРАЈНО РЕШЕНИЕ НА ОВОЈ ПРОБЛЕМ – СЕКОЕ ЖИВОТНО ДА ИМА ДОМ!
Се соочуваме со инстутиционална краткогледост и осуда на програмата ЗАЛОВИ-СТЕРИЛИЗИРАЈ-ВРАТИ не земајќи го предвид фактот дека никогаш не била спроведена квалитетно и во целост. Темпото на работа на нашите стационари нема никогаш да ја стигне природната прогресија на уличните животни, ОСОБЕНО ако не се применат и другите мерки што со години наназад ги предлагаме.
Ние, граѓаните и членовите на сите здруженија на територијата на РМ, викаме ДОСТА е со третирање на симптомите!
Бездомните животни во Македонија би се ставиле под контрола во период од само неколку години ИСКЛУЧИВО ако во секој град/општина:
1. Стационарите се под раководство на активисти за заштита на животни со задржано финансирање од градот/општината
2. Се комплетира Регистарот на сопственици на миленици
3. Се комплетира Правилникот за одгледувачници
4. Се изработи Регистар на одгледувачници кои ќе плаќаат уредно данок со што ќе се спречи да работат на црно притоа зголемувајќи го бројот на бездомни животни во градот
5. Се спроведува ригорозен инспекциски надзор со највисоки казни за секој нерегистриран или напуштен миленик
6. Градот/општината преку Советот усвои одлука за оданочување на сопственици со репродуктивно способни миленици
7. Градот/општината преку Советот усвои одука за субвенционирање на сопственици кои сакаат да го стерилизираат/кастрираат својот миленик
8. Министерството за образование и наука, во соработка со АХВ, градот, сите општини и останатите поврзани институции спроведе масовна едукација во двете задолжителни нивоа на образование за одговорно сопствеништво и вдомување наспроти купување миленик.
Почитувани, дојдено е времето одлучно да се исправиме и да кажеме СТОП за сите нехумани идеи, нечовечки третман и изживување врз животните. ВАРДАРИШТЕ не е нашето лице!
ИЗЛЕЗИ НА МАРШОТ ЗА ПОДДРШКА НА ЕДИНСТВЕНАТА ХУМАНА ПРОГРАМА ШТО ДАВА УСПЕХ, ИЗЛЕЗИ ЗА ЖИВОТНИТЕ!
04.11.2018 (НЕДЕЛА) во 12 часот - СОБРАНИЕ НА РМ/ВЛАДА/ГРАД СКОПЈЕ
Ајде да не сонуваме, ајде да се избориме за хумано утре!
#СонувамЗаХуманоУтре
#ИЈасСонувам
Анима Мунди - Здружение за заштита на животните, Скопје
Граѓанска иницијатива „Кане Корзо“, Скопје
АНИМАЛИА – Здружение за заштита на животни, Охрид
ГЛАСОТ НА ЖИВОТНИТЕ – Здружение за заштита на животни, Велес
МАЛИ ХЕРОИ – Здружение за заштита на животни, Битола
ANIMAL WORLD – Здружение за заштита на животни, Струга
ВТОРА ШАНСА – Здружение за заштита на животни, Кочани
Е.Д.Е.Н. – Здружение за заштита на животни и животна средина, Скопје
ФАУНА – Здружение за заштита на животни и животна средина, Струмица
СПАСИ ЖИВОТ – Здружение за заштита на животни, Штип
Daisy Family Rescue, Скопје
Срце за животните Тиквеш, Кавадарци
Facebook event LINK