Убавото лице на Скопје: Како Лајка ја бранеше хуманоста на градот!
Кога зборуваме за јавни политики и системски решенија, ретко размислуваме за суштината на општествениот развој: односот кон оние што немаат глас, но се дел од нашата заедница - животните.
Јавното претпријатие „Лајка“ беше далеку од уште една административна структура во Скопје. Стана пример како институција може да функционира во служба на јавниот интерес, со јасен концепт, неуморност и посветеност и вредности.
Активизмот презеде одговорност таму каде што политиката ја избегнувала и комплетно продлабочувала кризата. Во услови на системско безредие и одсуство на закон што ќе спречи прилив на нови бездомни животни, намерно дислоцирање кучиња во Скопје и создавање криза, Лајка беше триумф на активистите, вработените, волонтерите и сите добронамерни граѓани, кои не штедеа време, знаење и енергија ; помагајќи им на животните, на граѓаните и на градот.
Овој модел го покажа најубавото лице на Скопје: лице на хуманост, одговорност, заедништво и системско делување.
До активистите - делуваме и не се откажуваме, продолжуваме секогаш во интерес на животните.
Активистите повеќе не се дел од директното управување и Управниот одбор, а борбата за правата на животните продолжува во нова форма. Затоа што борбата за хуманост, ред и одговорност не завршува со една одлука или функција.
Во продолжение СУМИРАНИ ПОДАТОЦИ за, по нас, клучните активностите што Лајка ги оствари во услови на опструкција, неизвесност и недостаток на поддршка од надлежни институции. Сите детални податоци можете да ги консултирате во годишните извештаи на Лајка.
.
РЕЗУЛТАТИ:
● ПОРАСТ во стерилизации во споредба со претходните назначени раководства
под раководство на активист: 2023г - 1230; 2024г - 1209; 2025 - 1006 . Претходно: 2021г - 751; 2022г - 655;
Во Македонија може подобро, и животните заслужуваат правда:
ИНИЦИЈАТИВА ЗА УКИНУВАЊЕ НА НЕЕТИЧКАТА, НЕЕФИКАСНА И ЗЛОУПОТРЕБЛИВА МЕРКА ЗА ЕУТАНАЗИЈА НА КУЧИЊА СО ЛАЈШМАНИОЗА
До: Агенцијата за храна и ветеринарство
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство
Македонската јавност
JАВНО ОБРАЌАЊЕ ДО КАНДИДАТИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2025
Во пресрет на локалните избори, прашањето за благосостојбата на животните мора конечно да излезе од маргините и да стане централно прашање од јавен интерес. Ова не е тема за фусноти, туку тест за институционална зрелост, правна доследност и етичка ориентација. Односот кон животните не е ограничен само на миленици – тој открива дали општеството е хумано или рамнодушно, дали владеат вредности или владее безредие и насилство.
Состојбата во Македонија останува алармантна: нефункционални стационари, еутаназија како „решение“, борби со кучиња, труења, игнорирање на страдањата на прекубројната популација на улични мачки, злоупотреба на коњи во сообраќајот и предизвикување општа опасност, диви животни третирани како изложбени експонати, тотален хаос со нерегулираното сопствеништво на миленици, нетранспарентно трошење јавни пари, слаби инспекциски механизми и нула одговорност. Граѓаните се оставени сами на себе. Теренот го покриваат активисти и организации кои ја завршуваат работата што државата ја избегнува. Зошто? Затоа што без системски решенија и без дејствување врз причинителот, промени не можат да се очекуваат. Одговорноста е кај институциите, вклучително и кај локалната самоуправа.
Затоа, до секој кандидат поставуваме едно прашање: ЌЕ ПРЕЗЕМЕТЕ ЛИ ОДГОВОРНОСТ – ИЛИ ЌЕ ОСТАНЕТЕ ДЕЛ ОД ПРОБЛЕМОТ?

Природната селекција на Петре Шилегов се вика парвовироза/штенечак а Вардариште е дувло на овие вируси!
Не Петре. Не умираат од природна селекција. Умираат од вашето неработење и вртење на вистината. Малите кучиња ги убивате, осудувате на бавна смрт со нивното носење таму. И не е незнаење затоа што сто пати кажавме, туку така очигледно одговара – ги нема во евиденција, не се трошат пари за да се убијат, умираат сами во гушење, неописиви болки, органите, утробата им се распаѓа. Невидливи, заборавени од сите... Овие гревови беа заловени со нивната мајка, беа здрави, весели, игриви.
Здружение за заштита на животни "Анима Мунди"
Телефон: 077 487 253
E-пошта: contact@anima-mundi.org.mk | anima.mundi.sk.mk@gmail.com
Денарска сметка
240090002006130
Депонент-Уни Банка А.Д.-Скопје