Потребно (за 4 лица):
100 гр соја шницли
4 лажици масло
120 гр лук
250 гр шампињони
2 лажици Вегета
½ лажиче бибер
½ лажица куркума
½ лажички гумбир во прав
150 – 200 мл вода
50 гр кикирики
1 лажичка скроб Gussnela Dolcela
Подготовка:
1. Подгответе ги соја шницлите.
2. На масло пропржете го лукот заедно со парчињата печурки. Додадете малку Вегета, бибер, куркума, ѓумбир и налејте 50 дл вода. Динстајте го сетто тоа отприлика 5-10 минути.
3. Потоа во тава ставете ги подготвените соја шницли, лупените кикирики, останатата Вегета и скробот, разматен во малку вода. Полејте го со останатата вода и варете уште 1-2 минути.
4. На крај поклопете го садот со парчињата соја и сосот и оставете ги да одстојат десетина минути.
Со ова јадење по желба може да послужите салата.
Здружение за заштита на животни "Анима Мунди"
Телефон: 077 487 253
E-пошта: contact@anima-mundi.org.mk | anima.mundi.sk.mk@gmail.com
Денарска сметка
240090002006130
Депонент-Уни Банка А.Д.-Скопје