Во корелација со Светски здруженија за заштита на животните, повод Светската седмица против носење природно крзно, „Анима Мунди„ заедно со „Асоцијација на активисти за заштита на правата на животните„ организира информативен и протестен Собир – перформанс против крзнената индустрија – како производството, така и купувањето на истото.
Сакаме да допреме до македонските граѓани и информираме за една од најбруталните индустрии на измачување и искористување на животните, влијаеме на граѓаните совесно да одлучуваат што ќе облечат и каква индустрија ќе финансираат.
Нашата намера е да придонесеме за подобро информирање на граѓаните и посочиме хумани алтернативи, наместо крзно/кожа на животни кои ради своето крзно биле дословно масакрирани.