Регистрација
baner_za_milenici_nov
PDF
Печати
Е-пошта
ВДОМИ НЕ КУПУВАЈ!

"*** НЕ КУПУВАЈТЕ ЖИВОТНИ  - ВДОМЕТЕ ***

Доколку вие и вашето семејство се одлучите да донесете животно во вашиот дом, вдомете едно (или две). Не купувајте од продавниците за миленици. На тој начин, ќе спасите бездомно животно од смрт и вашите пари нема да бидат искористени во корист на зголемување на популацијата на кучиња и мачки.
Целта на продавниците за миленици е да остварат профит, па така кон животните се однесуваат како кон обичен "производ" кој треба да се продаде.


Многу од малите кучиња и мачиња кои ги гледате во продавниците за миленици доаѓаат од одгледувачници. Тоа се места во кои тажни и осамени кучиња и мачки живеат во мали кафези, во ужасни услови и се принудени постојано да раѓаат. По пет или шест години, кога кучињата во одгледувачниците веќе не раѓаат доволно кутриња, тие се убиваат. Примероци кои не ги задоволуваат стандардите на расата во овој бизнис се безвредни и како такви исто се убиваат.
Кога луѓето би престанале да купуваат животни од продавниците за миленици, тогаш одгледувачниците не би имале повеќе работа и кучињата во засолништата би нашле добри домови, наместо да бидат убиени. Затоа, доколку сакате животни, ВДОМЕТЕ.

Кога ќе бидете подготвени да вдомите животно, не ги занемарувајте оние кои на другите можеби не им се "слатки". Ним им е потребно исто толку љубов колку и на другите, а за возврат ќе ви дадат многу љубов, верно пријателство, секојдневна благодарност. Овозможете да ви го покажат својот шарм и нема да згрешите:)

Многу луѓе не се доволно информирани за судбините на бездомните животни. Кога пријателите ќе ви кажат дека сакаат да купат маче или кутре со педигре, кажете им за сите бездомни животни кои молат за малку љубов, среќа и топол дом.
Кучињата и мачките во засолништата се исто толку добри како оние во продавниците за миленици. Во засолништата дури можете да најдете и многу напуштени животни со педигре, какви што има во продавниците за миленици.

Одберете си го вашето милениче од блогот за вдомување „Вдоми не Купувај“ кој можете да го најдете на следниот линк. (www.e-animamundi.eu.pn)

 
kujna

Пријатели на Анима Мунди

Благодарност до долунаведените кои ги сакаат животните и прифатија да се заложат за нив и бидат наши пријатели и подржувачи.

Civica mobilotas

SmartCode

JE caw InDesign white

КОНТАКТ ИНФО

Здружение за заштита на животни "Анима Мунди"

Телефон: 077 487 253

E-пошта: contact@anima-mundi.org.mk | anima.mundi.sk.mk@gmail.com

Денарска сметка
240090002006130
Депонент-Уни Банка А.Д.-Скопје

fb