Регистрација
zivejte_socustvitelno
PDF
Печати
Е-пошта
ЗОШТО АНИМА МУНДИ И ЗОШТО ДА ЖИВЕЕТЕ СОЧУСТВИТЕЛНО?

ЗАВЗЕМЕТЕ СТАВ. Неутралноста секогаш му помага на тиранинот, никогаш на жртвата. Молкот го охрабрува мачителот, никогаш оној кој е измачуван"

Ние сме група истомисленици, поединци и не поврзува убедувањето дека животните заслужуваат свои права. Секој од нас, во различни животни контексти сватил дека животните се најобесправените и најискористуваните суштества во историјата на човештвото, континуирани жртви на неправда предизвикана од човечки фактор, воден со безкомпромисната желбата за профит. Тоа се жртви и неправди кои можат да се одбегнат. Затоа се здруживме и заедно се залагаме еднаш за секогаш тие неправди да запрат.


Анима Мунди е само мал дел од светското се по прогресивно движење за заштита на животните и нивните права. Од ден на ден во светот има се повеќе вегетаријанци, вегани, лица кои одбиваат да живеат искористувајќи ги животните. Сите заедно ја правиме разликата.

НАДМИНЕТЕ ГИ ПРЕДРАСУДИТЕ, ИНФОРМИРАЈТЕ СЕ, ИСТРАЖУВАЈТЕ И СПОДЕЛУВАЈТЕ

Денес постојат многу повеќе животни кои се искористуваат за храна, кожа, крзно, експерименти, лов или риболов, отколку што постојат луѓе на земјината топка. Тие го живеат својот пекол на оваа земја, само поради тоа што повеќето луѓе пасивно го конзумираат нивното тело, сметајќи дека не постои друга алтернатива. Да, пасивно конзумираат, бидејќи сме уверени дека повеќе од половина од тие конзументи веднаш би ги смениле сопствените навики, кога одблиску би се запознале што стои зад еден месен оброк, крзнена бунда и кожни обувки. И дека доколку се запознаат со судбините на животните, би се згрозиле и залагале за правата на животните, исто како што се залагаме и ние.

 

ПОСТОИ АЛТЕРНАТИВА!

Си мислите, многу е тешко човек да се смени, но не обесхрабрувајте се да се обидете. Ако ви е тешко денес, обидете се повторно. Промената доаѓа во првиот миг кога ќе одлучите да ја дознаете вистината и да ги правите само оние работи кои се во склад со вашите морални начела и вредности. Ќе сватите дека фактот дека повеќе нема да носите крзнена бунда - откако ќе видите како до истата се стигнува, само ќе ве ослободи, растерети и убеди дека сте ја сториле вистинската работа. Зошто обувки од кожа, кога за кожата постои помалку крвава алтернатива? Кога ќе видите како се одгледуваат животните за исхрана, сосема природно ќе ви дојде да се залагате за нивно подобро утре. Ќе видите дека ви е поголема сатисфакција што не сте учесник и конзумент на нивната несреќа, отколку задоволството да уживате во вкусот на нивното касапено тело. Понатаму безмесна исхрана нема да го прочисти само вашиот дух, туку и вашето тело - набргу ќе увидите дека сте поздрави, физички посилни, поиздржливи...
Обидете се и истражувајте како да живеете сочувствително. Зошто животните, кои се наши пријатели, тоа го заслужуваат.

 
rasizm-specizm
172039_159513170767123_137370736314700_338203_4315127_o
kujna

Пријатели на Анима Мунди

Благодарност до долунаведените кои ги сакаат животните и прифатија да се заложат за нив и бидат наши пријатели и подржувачи.

Civica mobilotas

SmartCode

JE caw InDesign white

КОНТАКТ ИНФО

Здружение за заштита на животни "Анима Мунди"

Телефон: 077 487 253

E-пошта: contact@anima-mundi.org.mk | anima.mundi.sk.mk@gmail.com

Денарска сметка
240090002006130
Депонент-Уни Банка А.Д.-Скопје

fb