Регистрација
PDF
Печати
Е-пошта
Стоп за насилството за време на Вевчанскиот карневал

Стоп за насилството врз животните за време на Вевчанскиот карневал

 

Апелираме до сите учесници на Вевчанскиот карневал оваа година да овозможат уметност, досетливост, хумор и сатира без притоа да ја згрозат и македонската и пошироката јавност со насилство врз животни како што беше случај минатата година.

 

Минатата година бевме сведоци на терор, садизам и свирепо насилство над животните.

Можевме да забележиме убиено куче кое беше дел од маската на василичарите. Јазикот на кучето беше исплазен и му се гледаше вилицата, а нозете му беа врзани на два стапа како на ражен и висеше со главата надолу додека маскираните дефилираа низ карневалот. Безмилосниот однос на учесниците кон животните се истури и на кокошките кои беа живи бодени на вили. Овие мртви животни последниот ден од манифестацијата биле фрлени во огнот, каде, според традицијата, на крајот се фрлаат маските.

"Која ли траума и мачење е тоа за животните? Која ли траума за посетителите на овој традиционален настан, меѓу кои и многу дечиња? Што сака со овој „маскенбалски чин“ да се постигне и дали е ова дел од традицијата? Како може да се исмејува нечија смрт? Дали е тоа човечно? Зарем ова културен чин кој треба да биде промовиран и поддржан од општина Вевчани и останатите институции?" беа дел од нашите прашања минатата година.

Се надеваме дека поучени од минатата година, годинава, овој настан ќе помине без инциденти и насилство кое беше осудено од сите страни, во спротивно ке бараме исклучување на вевчанскиот карневал од здружението на европските карневалски градови поради промовирање на насилство и терор врз животните.




 


Која ли траума и мачење е тоа за животните? Која ли траума за посетителите на овој традиционален настан, меѓу кои и многу дечиња? Што сака со овој „маскенбалски чин“ да се постигне и дали е ова дел од традицијата? Како може да се исмејува нечија смрт? Дали е тоа човечно? Зарем ова културен чин кој треба да биде промовиран од Владата на Република Македонија и од  Министерството за култура?“
 
bann001
bann002
bann003

kujna

Пријатели на Анима Мунди

Благодарност до долунаведените кои ги сакаат животните и прифатија да се заложат за нив и бидат наши пријатели и подржувачи.

Civica mobilotas

SmartCode

JE caw InDesign white

КОНТАКТ ИНФО

Здружение за заштита на животни "Анима Мунди"

Телефон: 077 487 253

E-пошта: contact@anima-mundi.org.mk | anima.mundi.sk.mk@gmail.com

Денарска сметка
240090002006130
Депонент-Уни Банка А.Д.-Скопје

fb