Регистрација
PDF
Печати
Е-пошта
Шумски полицаец испробувал електричен пендрек врз мирно куче!

Нема крај на изживувањата врз животните во Македонија! Информирани сме за нов шокантен случај на измачување на животно од страна на шумски полицаец кој месецов во село Подгорци, Струшко со свои колеги за време на службена должност по пријава за нелегална сеча дошол да интервенира, при што видел заврзано куче.

 

 

Кучето било исклучително мирно и исплашено. Шумскиот полицаец Жарко Ш. откако го видел кучето се инспирирал и им кажал на колегите да го испробаат електричниот пендрек врз кутрото животно, за да видат како делува. Почнал со пендрекот со сетта сила да го мава врзаното куче, кое плачело, цвилело и не можело да побегне. Другите негови колеги гледале и се смееле. Дали и понатаму ќе се толерираат вакви малоумници и насилници во Македонија? Бараме трајна сузпензија на садистот од неговото работно место кое го злоупотребил и најстрога кривична казна за мачење на животно за време на извршување на службена должност!


Информираме дека настанот е пријавен во полиција и за истиот има лица кои ќе сведочат. Вакви психолошки девијантни лица инсистираме да добијат најстрога казна и одговараат без можност за олеснителни казнени мерки. Да одговараат за ѕверството кое го починиле и кое ќе го повторат пак доколку не се интервенира на време!

 
bann001
bann002
bann003

kujna

Пријатели на Анима Мунди

Благодарност до долунаведените кои ги сакаат животните и прифатија да се заложат за нив и бидат наши пријатели и подржувачи.

Civica mobilotas

SmartCode

JE caw InDesign white

КОНТАКТ ИНФО

Здружение за заштита на животни "Анима Мунди"

Телефон: 077 487 253

E-пошта: contact@anima-mundi.org.mk | anima.mundi.sk.mk@gmail.com

Денарска сметка
240090002006130
Депонент-Уни Банка А.Д.-Скопје

fb