Регистрација
PDF
Печати
Е-пошта
Кампања: Идриз е секое животно и секое животно е Идриз!

Започнуваме кампања за хуманост кон животните и најстрого санкционирање на мачењето и убивањето животни - кампања која ја започнуваме со светски познатата виолинистка Ванеса Меј, новинарките Јорданка Ивановска - Јоци, Мери Јордановска; актерката Ирена Ристиќ и граѓани активисти кои веќе месец дена бараат правда за брутално убиеното (заклано среде бел ден) куче Идриз. Ве замолуваме за Ваша поддршка.

 

 

Месец дена од суровото убиство на кучето Идриз – во негово име и во име на сите останати како него, бараме најстроги казни за мачење и убиство на животните. БИДИ ЈАСЕН И ГЛАСЕН, ФОТОГРАФИРАЈ СЕ СО ТВОЈОТ МИЛЕНИК И ИСПРАТИ ПОДДРШКА. Да ставиме крај на човековото безумие и суровоста врз животните во Македонија!

- На 29.04.2017, среде бел ден во Скопје, Симе Христовски со секира и со шипка го закла мирниот и сакан Идриз, додека кучето спиеше, пред очите на педесетина граѓани. Здружението ЕДЕН и граѓаните со недели протестираа пред куќата на монструмот, барајќи правда, укажувајќи дека вакво ѕверство не смее да се премолчи и заборави. Против сторителот се поднесени 2 кривични пријави. На 5 мај пријава поднесе Анима Мунди, а на 17 мај и МВР. Воедно, во АХВ е поднесена пријава за кршење на Законот за заштита и благосостојба на животните согласно кој предвидува парична казна за сторителот.

- На ден 22.05, Даниел Груевски, ангажиран како домар во станбена зграда во Кисела Вода усмрти две мали маалски мачиња. Домарот Даниел Груевски ги фатил мачињата за грклан и со огромен притисок почнал да ги дави – мачињата се препелкале без да имаат било каква можност да се спасат, се бореле за последен здив. Им било пишано да завршат така болно и сурово на неполни 2 месеци старост, од убиец кој ги задавил пред сведоци, без трошка совест, убеден дека никој ништо не му може.

- Во држава каде што насилството не е строго санккционирано и се охрабрува малолетничка деликвенција и бруталност врз животните, се создава поволно тло за садисти и убиjци! Ова е накусо приказната за 2 момчиња, едно малолетно (Ј.А) и едно полнолетно (Марио Трпески) од Кочани, кои мачеле и уживале во убивањето на мирно бездомно куче, дословно касапено од пит бул, во сопственост на Марио. Ова се остатоците од искасапеното куче, со кои кочанските мангупи се пофалиле и на Фејсбук.

За овие и ред други случаи поднесуваме кривични пријави и бараме најстрога казна за сторителите. Ве повикуваме сите да ја дадете Вашата поддршка, да бидете глас за Идриз и овие безимени души – нема да дозволиме монструмот Симо Христовски (Липски), домарот Даниел Груевски од Кисела Вода и лицата од Кочани да поминат со благи условни казни - без исклучок, за нив бараме казна затвор!
Тие се ликот на секој еден кој во оваа држава се изживува, коли, беси, труе животни - а во ликот на Идриз се крие секое несреќно битие оставено само на себе да страда и да умира во пеколни маки. Потсетуваме дека хуманоста почнува од мали нозе со грижа за животни и завршува со хуманост кон сите живи битија.

СО ПОДДРШКА НА ОВАА КАМПАЊА ЗАЕДНИЧКИ БАРАМЕ:

- Итно формирање на Полиција за животни, зошто очигледен е фактот дека насилството врз животните е декаден срам и обележје на Република Македонија;
- Казна затвор за насилниците;
- Масовна стерилизација, а не масовна елиминација на животните , на улица, или во стационари како скопско Вардариште;
- Забрана за слободната продажба на отрови кои се опасност за здравјето и животот и на луѓето и на животните;
- Строго дефинирана правна рамка и Програми за промоција на концептот на одговорно сопствеништво, важноста од стерилизација, идентификација и регистрација на домашните миленици. Со ова ќе се превенира неконтролираното раѓање на нови единки и ќе се намали бројот на кучиња и мачки кои сопствениците ги произведуваат односно неконтролирано ги размножуваат а од кои најголем дел завршуваат на улица, а потоа убиваат како мерка за запирање на нивната прекубројност.

СИЛНО ГУШНИ ГО СВОЈОТ МИЛЕНИК И ИСПРАТИ НИ ВАША ЗАЕДНИЧКА ФОТОГРАФИЈА ЗА ДА ЈА ОБЈАВИМЕ И ДА ИСПРАТИМЕ ЗАЕДНИЧКА ПОРАКА! Постирај ја под овој апел, прати ни ја на нашата ФБ страница, или на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите од каде ќе ги преземаме и тековно објавуваме во наменски албум.

Ова се само неколку предлог пароли кои ве охрабруваме да ги напишете на фотографијата: Барам полиција за животни во Македонија! За Идриз во Идризово! Секое животно е Идриз, правда за животните! За мачење и убиство на животно бараме затвор! Од убиство на животно, до убиство на човек има само еден чекор!

ФОТО АЛБУМ: link

 
bann001
bann002
bann003

kujna

Пријатели на Анима Мунди

Благодарност до долунаведените кои ги сакаат животните и прифатија да се заложат за нив и бидат наши пријатели и подржувачи.

Civica mobilotas

SmartCode

JE caw InDesign white

КОНТАКТ ИНФО

Здружение за заштита на животни "Анима Мунди"

Телефон: 077 487 253

E-пошта: contact@anima-mundi.org.mk | anima.mundi.sk.mk@gmail.com

Денарска сметка
240090002006130
Депонент-Уни Банка А.Д.-Скопје

fb