Одбројуваме денови до Д фестивал, нашиот омилен фестивал кој никако не го пропуштаме! И оваа година тимот на Анима Мунди ве очекува на зелениот, веган штанд.
Дојдете да се дружиме, забавуваме, зборуваме за активизам и права на животните!
Дојдете насмеани, позитивни, отворени за нови предизвици; дојдете ни гладни.
Доколку уште немате купено карта, крајно е време да си ја обезбедите. Се гледаме на Д Фестивал!
Единствениот летен open-air музички фестивал во Македонија годинава ќе се одржува од 14-ти до 16-ти јули во Дојран. Пред нас е седмото издание на фестивалот на кој ве пречекуваме повторно со тридневна музичка програма, повеќе бини, камп и единствената фестивалска атмосфера.
Facebook event