Почитувани членови, активисти, волонтери, новинари и љубители на животни, во однос на веста која деновиве е актуелизирана во Германија и која се однесува на 53 запленети бездомни кучиња од кои повеќето со македонски пасоши сакаме да информираме дека ниту едно од животните не е пратено преку здружението Анима Мунди и дополнително очекуваме да дојдеме до информации за што точно станува збор во овој случај.
Посочуваме дека вдомувањето на животни во странство не било никогаш наша приоритетна активност а воедно и дека секое животно кое сме го вдомиле надвор од Македонија е вдомено во сигурно, проверено семејство со посредство на наши партнерски или сродни здруженија.
Информациите кои ги имаме потекнуваат од германиските медиуми и немаме дополнителни информации за правната процедура, единствено знаеме дека сега сите 53 животни се згрижени од германските власти.
Анима Мунди како здружение има интерна процедура за вдомување како во земјата така и за странство која пропишува потполнување формулари и евиденции при вдомување.
Оваа ситуација е исклучително сериозна и неопходно е во иднина сите да бидат многу повнимателни во постапките за вдомување како во странство така и дома, бидејќи сакајќи да помогнеме некогаш може и да се одмогнеме доколку се избрзува и дејствува непроверено.