Специзам е недостиг на придавање иста обзирност и почит на некое свесно суштество, во зависност од припаѓањето на одреден вид, или карактеристики типични за некој вид. Со други зборови, специзам е дискриминација врз база на видот.
Терминот го востанови британски психолог Richard D. Ryder, 1970 г., со цел да укаже на острата морална разлика која специстите ја повлекуваат помеѓу луѓето и животните. Ryder во книгата "Animal Revolution: Changing Attitudes towards Speciesism" (1975) истакнува како припаѓањето на одреден вид не е релевантен критериум за дискриминација. Како и расите или полот, видот подразбира физички и друг вид разлики, но не ја поништува главната и основната сличност која ја делат сите свесни битија - способност да чувствуваат болка.
Не бил секој убиец во своето детство злоставувач на животни, но многумина злоставувачи на животни станале потоа масовни/сериски убијци.
За тоа сведочат психолошките профили на некои од најозлогласените убијци, од кои ќе наведеме само неколку:
Peter Kurten, "вампирот од Дизелдорф" (во триесетите години на минатиот век, сторил најмалку 9 убиства), како дете измачувал кучиња и колел лебеди од блиското езеро, за да ја пие нивната крв,
Cayetano Santos Godino, аргентински пироман и сериски убиец од 40-тите години на минатиот век, како дете измачувал и убивал животни,
Како да се бранат правата на животните и да се добие
битката во нивна корист
ВОВЕД
Секој од нас го има правото да се спротивстави на востановените начела и норми, а ширењето на сопствените идеи е еден од начините во полза на правење промени, што се смета за неопходно за прогрес во општеството. Половина од клучот за успех на една кампања е да се знае прецизно што сакате да постигнете и остварите, а другата половина е да знаете како да го остварите - нешто за што ќе зборуваме во ова поглавје. Независно дали дејствуваме како дел од група или како поединци, овој оддел ни ги претставува основите и елементарните техники за да се шириме една кампања.
Здружение за заштита на животни "Анима Мунди"
Телефон: 077 487 253
E-пошта: contact@anima-mundi.org.mk | anima.mundi.sk.mk@gmail.com
Денарска сметка
240090002006130
Депонент-Уни Банка А.Д.-Скопје