КОИ СЕ ПРИЧИНИТЕ ЗА СТЕРИЛИЗАЦИЈА, ИЛИ КАСТРАЦИЈА ?
Кастрација на животните претставува оперативно отклонување на нивните полови органи - кај женките (што во секојдневната комуникација најчесто се нарекува стерилизација) на јајниците, јајцеводите и матката, а кај мажјаците на тестисите. Кастрацијата на домашните миленици важна е за самите животни, за останатите животни во околината, за нивните сопственици, за сите останати луге со кои животните доаѓаат во контакт, КАКО НАЈДОБАР НАЧИН ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД НЕПОЖЕЛНИ МАЧИЊА/КУЧИЊА, А ВОЕДНО КАКО ПРЕВЕНЦИЈА ОД РАЗНОВИДНИ ВОСПАЛЕНИЈА, ТУМОРИ НА РЕПРОДУКТИВНИТЕ И ОСТАНАТИТЕ ОРГАНИ И РЕД ДРУГИ, ЧЕСТОПАТИ И СМРТОНОСНИ ЗАБОЛУВАЊА НА ЖИВОТНИТЕ.
Анима Мунди нема азил, ниту транзит центар за згрижување на бездомните животни, затоа ве молиме не очекувајте дека може да го превземеме животното за кое ни се обраќате. Но она што може да го сториме е да ви помогнеме во негово огласување, барање на привремено згрижување и стален дом. На таков начин, во соработка со хумани граѓани, имаме интервенирано и спасено многу животни. Значи заедно со вас, ќе се обидеме да му помогнеме.
Ви честитаме на изборот, туку што правите едно големо благородно и хумано дело!:)
Животните на улица се осудени на многу тежок живот, секојдневие исполнето со страв, трауми, глад, предвремена, најчесто насилна смрт. Со вашата одлука вие спасувате еден живот, а притоа давате еден преубав позитивен пример на останатите луѓе, пример вреден да се следи. Благодарение на таквите како вас, се поголема е бројката поединци кои вдомиле и спасиле живот, стекнале прекрасен, верен и уникатен пријател и миленик.
Независно дали станува збор за ваш домашен миленик, уште повеќе доколку се работи за тн. "community dogs or cats" - животни кои во моментов не се во ничија сопственост, но живеат на одредена локација и за кои некои луѓе се грижат, повремено ги хранат; превземете одговорност и направете нешто што ќе го заштити нивниот живот, животот на стотици други како нив и биде полезно за целата околина. Сметате дека е тешко да го сторите сетто тоа, но всушност станува збор за само еден едноставен чекор - стерилизирација на соппствениот, или локалниот миленик!
» ААПЖ
» Спас за животните
» Анима Мунди
» Мали Херои
» Стационар Вардариште
» Unicornis
Здружение за заштита на животни "Анима Мунди"
Телефон: 077 487 253
E-пошта: contact@anima-mundi.org.mk | anima.mundi.sk.mk@gmail.com
Денарска сметка
240090002006130
Депонент-Уни Банка А.Д.-Скопје